Куново (Гостиварско): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 70:
Куново е македонско село
 
Според истражувањата од 1947 година, родови во Куново се:<ref>{{Наведена книга|url=http://worldcat.org/oclc/5846115|title=Полог : антропогеографска проучавања|last=Трифуноски, Јован Ф.|date=1976|publisher=Srpska akademija nauka i umetnosti|oclc=5846115}}</ref>
 
* '''Староседелци:''' ''Божиновци'' (4 к.) предците им живееле во раселеното село [[Бркињово]] кое постоело на границата на атарите на селата Куново и [[Србиново]]; ''Костовци'' (7 к.) и нивните предци живееле во Бркињово. Имаат иселеници во [[Беловиште (Гостиварско)|Беловиште]], [[Ниш]] (едно семејство) и во [[Белград]] (едно семејство); ''Илијевци'' (8 к.) порано живееле во Бркињово. Имаат иселеници во [[Гостивар]] (осум семејства, Јовановци), [[Скопје]] (едно семејство) и во [[Ниш]] (тринаесет семејства). Од овој род бил Ристе, селски првак од крајот на 18ти и почеток на 19ти век. Ја знаат следната генеологија Мирко (жив на 40 год. во 1947 година) Столе-Спире-Јаков-Столе-Ристе. Од предокот Ристе, па се до денес сите старешини во селото биле од овој род. Тие дале и неколку свештеници, чиновници, офицери. Тие важеле и како најголеми сточари во селото; ''Терзијевци'' (3 к.) порано живееле во Бркињово. Имаат иселеници во [[Романија]] (едно семејство); ''Велјановци или Белковци'' (3 к.) порано живееле во Бркињово. Имаат иселеници во [[Гостивар]] (четири семејства); ''Уковци'' (4 к.) порано живееле во Бркињово. Имаат иселеници во [[Ниш]] (едно семејство); ''Вељановци'' (5 к.) порано живееле во Бркињово. Имаат иселеници во [[Ниш]] (две семејства); ''Јаневци'' (3 к.) порано живееле во Бркињово. Имаат иселеници во [[Ниш]] (три семејства); ''Давидовци'' (1 к.) порано чинеле еден род со ''Јаневци''.
*'''Доселеници:''' ''Апостоловци'' (2 к.) потекнуваат од предокот Петре. По потекло бил од некое село во [[Полошка Котлина|Полог]]. Имаат иселеници во [[Ниш]] (три семејства, од нив бил некој капетан Мерџан Апостоловиќ во Ниш); ''Секуловци'' (2 к.) доселени се од селото [[Звечан]] во [[Порече]]. Во Куново земал жена од родот ''Илијовци'' и го основал родот. Ја знаат следната генеологија Мирче (жив на 75 год. во 1947 година) Цветан-Секула, кој се доселил.
 
== Општествени институции ==