Двојна ѕвезда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Sirius A and B Hubble photo.jpg|right|250px|thumb|Сликано од телескопот Хабл: двоен систем [[Сириус]], каде Sirius B може јасно да се види (долу лево).]]
 
'''Двојна ѕвезда''', '''двоѕвезда''' или '''бинарна ѕвезда''') — [[ѕвезден систем]] кој содржи две [[ѕвезда|ѕвезди]] кои [[орбита|орбитираат]] околу нивниот заеднички центар на [[маса]]. Посјајната ѕвезда се нарекува '''примарна''', а другата е '''ѕвезда придружник''' или '''секундарна'''. Истражувањата од почетокот на 1800-те години до денес укажуваат на тоа дека многу од ѕвездите се дел од двојни системи или системи со повеќе од две ѕвезди, наречени ''[[повеќеѕвезден систем]]''. Поимот „двојна ѕвезда“ може да се користи како синоним на поимот ''двојна ѕвезда'', но најчесто [[двојна ѕвезда]] може да биде и ''оптички двојна ѕвезда'' која е состаена од две ѕвезди без физички контакт меѓу нив, односно две ѕвезди кои изгледаат како да се блиску една до друга гледано од [[Земја]]та. Двојната ѕвезда може да биде оптичка доколку нејзините компоненти имаат доволно различно [[сопствено движење]] или [[радијална брзина]], или пак доколку мерењата на [[паралакса]]та откриваат дека двете компоненти имаат доволно различна далечина од [[Земја]]та. За најголемиот број од двојните ѕвезди сè уште не е утврдено дали се двојни ѕвездени системи или се оптички двојни.
 
Двојните ѕвездени системи се многу важни во [[астрофизика]]та, бидејќи пресметувањето на нивните орбити дозволува масата на нивните придружни ѕвезди да биде директно одредена, што пак за возврат ги покажува и другите ѕвездени параметри, како што се радиусот и густината.