Историја на Шведска: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 95.128.190.179) и ја поврати преработката 3624474 на Kolega2357
Ред 23:
Во XVII век Шведска се развила како една од големите сили во [[Европа]]. Ова време таа дури имала и колонијални поседи.
 
Во ова време Шведска претставувала најмоќната држава во северна Европа. Овој период започнува со кралот [[Густав II Адолф]] (Gustav II Adolph) и неговото успешно учество во триесетгодишната војна, се до [[1721]] г. кога царството се распаднало. Статусот на Шведска како царство во ова време е главно поради економските реформи и воведувањето на [[Протестантство|протестантството]] од страна на Густав I.
 
Најуспешните години за Шведското царство биле од крајот на XVII до раниот XVIII век. Најголеми територијални проширувања Шведска имала за време на [[Карл X]] (Karl X) ([[1622]]-[[1660]]) по [[Роскилдски мировен договор|Роскилдскиот мировен договор]] во [[1658]] год. Сепак по долгогодишните војувања шведската економија била пред колапс и животна цел на синот на Карл Х, [[Карл XI]] ([[1655]]-[[1697]]), била да ја обнови економијата и да го врати царството на нозе. [[Карл XII]] пак, поседувал еден од најмоќните арсенали на оружје во тоа време како и моќна флота. Најголемиот непријател на Шведска овој период, [[Русија]], иако имала поголема армија, сепак заостанувала многу во опрема и тренинг. Во битката кај Нарва во 1700 година, Швеѓаните ја прегазиле руската војска, со што практично започнала [[Голема северна војна|Големата северна војна]]. Преамбициозните Швеѓани започнале поход во Русија што завршила со победа на руската војска во одлучувачката [[битка кај Полтава]] (1709). Походот имал одличен почеток за Карл ХII. Тој успеал да ја окупира денешна [[Полска]] и да се прогласи за крал на тој регион. Но честите напади на [[Козаци]]те, убиствената руска клима, како и борбените тактики на царот [[Петар Велики]] довеле до пораз во битката кај Полтава. Овој пораз значел и почеток на крајот на Шведското царство.