Арсениј Бигорски: Разлика помеѓу преработките

истакнат игумен и архимандрит на Бигорскиот манастир во почетокот на XIX век
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија Свештеник | child = | honorific_prefix = Архимандрит | name = Арсениј Биго...
(нема разлика)

Преработка од 13:17, 5 април 2020

Арсениј Бигорски (род. Димевски[1]; ок. 1770 - 27 јуни 1839)[2] — истакнат македонски духовник и преродбеник од почетокот на ΧΙΧ век, архимандрит, игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Претеча“. Под неговото игуменство манастирот достигнал завиден расцут.[1][3]

Архимандрит
Арсениј Бигорски
Арсениј Бигорски насликан од зографот Михаил Самарински
Роден(а)ок. 1770
Галичник, Македонија
Починал(а)27 јуни 1839
Вероисповедправославие
Писмо на бигорското братство до Зографскиот манастир од 1834 г. потпишано од Арсениј Бигорски.
Ферман до Реканската каза од 1838 г. со кој на Бигорскиот манастир му се дава правото да ги бие камбаните.

Биографија

Арсениј е роден кон крајот на XVIII век во Галичник, во семејството Димевци. Учел во ќелијното улилиште на Бигорския манастир, тогаш предводен од игуменот Митрофан Бигорски.[4] Во 1807 г. е назначен за игумен на манастирот.[3]

Под неговата управа, манастирот се претворил во духовен центар на христијанските села од Мијачијата и стожер на сиот општествен живот.[4] Во седмата година од неговата управа, во 1814 г. Арсениј ја започнал изградбата на конакот од североисточната страна, познат како Горни Палат. Во овој комплекс се наоѓаат монашките ќелии и игуменската одаја. На 12 април 1820 г. почнала да се гради манастирската трпезарија, сочинета од приземје и два ката.[4] Трапезаријата е целосно насликана.[3]

Арсениј порачал од Елбасан балдахин за олтарот на католиконот (главната црква),[1] а во 1834 г. платил за резбите за иконостасот — дело на прочуената тајфата на Петре Филиповски - Гарката, едно најубавите примери на македонското копаничарство, работено од 1830 до 1835 г. Порачал и свеќници за црквата од Зографскиот манастир.[1] Уредил и султански ферман за Реканската каза, со кој им се забранува на месните власти да го попречуваат биењето на камбаните.[1]

Во 1833 г. по порачка на Арсениј е изработен и големиот кивор на манастирот — една от неговите светињи. Киворот претставува заедничка работа на зограф, копаничар и златар. На надворешноста на капакот, на медалјон од ковано сребро е претставено Распетието со Богородица и Свети Јован Крстител. Од внатре тој е насликан од зографите Михаил и Даниил со ликовите на светците лии мошти се вградени во киворот. Истите светци се претставени и во сребрена гравура внатре во самиот кивор.[5]

Истата година Арсениј купил маслинови насади во Елбасан, куќа во Гостивар, вложил во манастирскиот метох во Рајчица со купување на лозје, градини, изградба на чешми и поправка на дворот.[4] На манастирскиот имот во 1835 г. е изграден храмът „Св. Ѓорѓи Победоносец“,[3] направена е маѓерница (кујна) и конакот е обновен од темел.[1] Набавил чифлик во селото Небрегово, Прилепско, како и црковни предмети и недвижен имот во Требиште. Направил особени напори за збогатување на манастирската библиотека.[4]

Во 1837 почнал да негува врски со Кнежевството Србија, добивајќи од кнезот Милош Обреновиќ пари и камбана. Подоцна манастиро се здобил со втора камбана.[1]

Умира на 27 јуни 1839 година.[4]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Јеромонах Доситеј (Талески) (2015). Игумените на Бигорскиот Манастир „Свети Јован Крстител“ – В: Бигорски Манастир – 20 години возобновено монаштво (PDF). Бигорски манастир. стр. 346. no-break space character во |title= во положба 56 (help)
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Арсениј“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 83. Text "series " ignored (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Бигорските стари игумени“. Бигорски манастир. Посетено на 13 ноември 2017.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Столб на македонската преродба“. Бигорски манастир. Посетено на 10 април 2015.
  5. „Светињи на Бигорскиот манастир“. Бигорски манастир. Посетено на 31 август 2018.

Надворешни врски