Разлика помеѓу преработките на „Калниште“

Додадени 1.206 бајти ,  пред 11 месец
нема опис на уредувањето
Поволната местоположба и климатско – почвените услови на селскиот атар, како во минатото, така и во поново време, овозможиле поголем развој на полјоделството, а послабо развиена сточарска дејност. Обработливата плодна почва претежно се користи за производство на житни и фуражни растенија. Од житата отсекогаш најзастапени биле пченицата и пченката, а помалку се сееле јачменот, овесот и р’жта. Познато е дека од периодот од првата половина на 20 век, „Калнишката пченица” се сметаше за најквалитетна, не само во овој крај, туку и пошироко. Од индустриските култури биле застапени сончогледот, памукот и тутунот, од кои во поново време се одгледува само тутунот. Во периодот по Втората светска војна постои значително зголемување на површините на кои се одгледувала виновата лоза. Во последните две –три децении од 20 век, населението на Калниште масовно се преориентирало од земјоделско во индустриско, под влијанието и близината на развојот на индустријата и рударството во градот Пробиштип.
 
==Администрација и политика==
 
=== Изборно место ===
 
Во селото постојат изборните места бр. 1539 и 1539/1 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]], сместени во просториите на основното училиште.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html|title=Описи на ИМ|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=3 ноември 2019}}</ref>
 
На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на овие изборни места биле запишани вкупно 1.663 гласачи.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://rezultati.sec.mk/mk-MK/1/r/all/56/1613|title=Претседателски избори 2019|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=3 ноември 2019}}</ref>
== Наводи ==
{{наводи}}