Светило (книга): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
Според толкувањето на Хонориј, иако во [[Библија]]та пишува дека [[Христос]] умрел за грешните и дека ја примил смртта „за сите“, тоа треба да се сфати така што тој умрел само за избраните кои во тоа време сè уште биле грешни, а зборовите „за сите“ значат дека тој умрел само за одбраните меѓу сите народи. Според тоа, Христовата милост се однесува само на праведните, а неправедните ќе бидат осудени. Оттука, никој не може да се спаси освен избраните „зашто сè оди во прилог на нив, дури и нивните гревови“. На прашањето, ако само предодредените ќе бидат спасени, тогаш зошто се создадени останатите луѓе, учителот одговара: Отфрлените се создадени заради избраните, за тие да ги усовршуваат своите доблести и да се поправаат од пороците, во споредба со отфрлените да изгледаат уште пославни и уште повеќе да се радуваат на својот спас. Дури ако Господ дозволува некои деца да умрат дури и пред да бидат крстени, тоа го прави заради избраните кои треба да знаат дека ми се помили на Господ отколку оние кои се невино осудени.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 253.</ref>
 
Зборувајќи за божјето сезнаење, Хонориј пишува дека Господ ги гледа целото минато, сегашност и иднина и дека тој предвидел сè уште пред да го создаде светот - имињата на ангелите и на луѓето, нивниот карактер, желби, зборови, постапки и мисли. Како што во умот на градителот постои сликата за градбата што ќе ја направи, така во божјата предодреденост се наоѓа сè. Ништо не се случува надвор од божјиот план и не постои никаква случајност.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 256.</ref> На пример, господ ги создал животните предвидувајќи дека ќе му бидат потребни на човекот; [[муви]]те и [[комарци]]те ги создал за да го лечат од гордоста така што ќе го касаат; [[мрави]]те и [[пајаци]]те ги создал за да му дадат пример со својата работливост.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 258.</ref>
 
===Поделбата на злобните и добрите луѓе===