Светило (книга): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 19:
 
===Учењето за човекот===
Според Хонориј, човекот е создаден од [[дух]]овна и од телесна [[супстанција]], а во врска со тоа, тој ја разгледува темата за микрокосмосот или малиот свет (''microcosmus, id est minor mundus''). Материјалната супстанција на [[човек]]от се состои од четири елементи: телото е направена од земја, [[крв]]та од [[вода]], здивот од [[воздух]], а [[топлина]]та од [[оган]]. Човековата [[глава]] е тркалезна како небесниот свод, парот човечки [[очи]] одговара на парот на ѕвездите, а седумте отвори во главата се седумте небесни хармонии. [[Гради]]те кои страдаат од [[кашлица]] се слични на воздухот кого го потресуваат [[гром]]овите и [[Ветар|ветровите]]; [[стомак]]от ги прима сите течности како што [[море]]то ги прима сите текови; [[нозе]]те ја држат тежината на телото, слично на земјата; човечкиот поглед е направен од небесниот оган, [[слух]]от е од повисоките слоеви на воздухот, [[мирис]]от е од неговите пониски слоеви, вкусот од водата, а допирот од земјата. [[Коски]]те се тврди како каменот, [[нокти]]те како дрвото, косата ја има убавината на [[трева]]та, [[чувства]]та се како [[животни]]те. Иако поимот на микрокосмосот не потекнува од Хонориј, сепак кај него се забележува одредена оригиналност, хомогеност и прегледност. Притоа, човечкото тело Хонориј го споредува со телото на црквата и на тој начин, [[вселена]]та, човекот и црквата се создадени по истата шема, ги содржат истите елементи и го претставуваат божјото единство. Самото име на човекот (Адам) е поврзано за четирите страни на светот, т.е. се состои од првите букви на грчките зборови за страните на светот („анатоле“, „дисис“, „арктос“ и „месембрија“).<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 257-258.</ref>
 
===Толкувањето на историјата===