Светило (книга): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 15:
===Поделбата на злобните и добрите луѓе===
Според Хонориј, лесно може да се препознаат добрите и лошите луѓе: оние кои имаат чиста совест имаат радосен изглед, лесен чекор, сладок говор и сјај во [[очи]]те; наспроти нив, под товарот на гревот, злобните имаат тежок чекор, зборовите и делата им се несигурни, смеата им е неубедлива, а зборовите им с енепријатни и нечисти. Меѓутоа, на друго место во трактатот, Хонориј искажува спротивни мисли, велејќи дека „денес, добрите и злобните се измешани и многу злобни изгледаат како добри и многу добри ги сметаат за зли“ така што дури на [[Судниот ден]] [[ангел]]ите ќе ги разделат добрите и лошите. Во согласност со своите идеи за предодреденоста, Хонориј го смета [[ѓавол]]от за „вреден ковач на овој свет“, кој со своето мачење ги казнува отфрлените. На земјата, како инструменти за одделување на праведните од отфрлените служат богатството и власта. Од една страна, богатството им се дава на отфрлените „поради избраните“, кои ги презираат привремените вредности. Со помош на богатството, отфрлените им прават зло на праведниците и така ги упатуваат на патот на [[вистина]]та. Од друга страна, праведниците ги користат богатството и власта за да прават добри дела и за уште повеќе да ги ценат небеските вредности. Според Хонориј, секоја власт произлегува само од Бога и тоа се однесува како за власта на злобните така и за власта на добрите.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 243-244.</ref>
 
===Толкувањето на историјата===
На прашањето, колку траело создавањето на светот и колку долго [[Сатана]]та бил на небото пред да биде прогонет, учителот одговара дека тоа траело неполн час; во третиот час, Адам им ги дал имињата на [[животни]]те; во шестиот час била создадена [[жена]]та, [[Адам и Ева]] живееле во [[рај]]от седум часа, т.е. биле избркани во деветтиот час. Применувајќи ја средновековната [[симбол]]ика на [[броеви]]те, Хонориј дава одговори и на бројни други прашања: зошто Христос се родил на полноќ; зошто не се родил пред потопот или веднаш по потопот; зошто се наоѓал во утробата на [[Богородица]] девет месеци; зошто не ја искажувал својата света моќ пред триесеттата година; колку часа бил мртов по распнувањето; зошто лежел во гробот во текот на две ноќи а ниеден ден; зошто не воскреснал веднаш по смртта, во кое време слегол во пеколот; зошто не го одложил своето доаѓање до крајот на светот итн.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 254-255.</ref>
 
===Страшниот суд и крајот на светот===
Ваквата „социјална“ анализа е присутна и воВо делот каде Хонориј го објаснува Страшниот суд., СпоредХонориј него,вели дека [[Антихрист|Антихристот]] ќе владее со светот 3,5 години при што ќе го потчини човечкиот род на четири начини: угледните ќе ги поткупи така што ќе им даде неброено богатство, обичниот народ ќе го потчини со помош на заплашување и невидена суровост, [[свештенство]]то ќе го привлече со невидена [[мудрост]] и [[говорништво]] зашто ќе ги поседува сите знаења, а калуѓерите ќе ги излаже со разни претскажувања и симболи (ќе ги оживее мртвите и ќе ги натера да сведочат за него, ќе нареди огнот да се спушти од небото, итн.).<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 244-243.</ref>
 
===Црквата како Христовото тело===