Светило (книга): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16:
Во книгата, Хонориј ја објаснува и идејата за [[Црква|црквата]] како мистично единство на [[Христијани|христијаните]]. Како што [[Тело|телото]] ѝ се покорува на [[глава]]та, така и црквата му е покорна на [[Христос]] благодарејќи на тајната на преображението на неговото тело. Како што главата управува со другите делови на телото, така [[Господ]] управува со сите избрани. Тој го набљудува човечкото [[општество]] во светата синхронија која ги опфаќа сите историски епохи од [[Стар завет|старозаветното]] време до крајот на светот. Притоа, по аналогија на телото, според него, [[Пророци во христијанството|пророците]] и [[Апостоли|апостолите]] се [[очи]]те, послушните членови на црквата се [[уши]]те и [[нос]]от, [[Ерес|еретиците]] се секретот на носот, лекарите се [[коски]]те, толкувачите на [[Свето Писмо|Светото писмо]] се [[Заб|забите]], заштитниците на црквата се [[Раце|рацете]], [[Земјоделство|земјоделците]] кои ја хранат црквата се [[Нозе|нозете]], а грешниците се изметот.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 248.</ref>
 
Во „Светило“ детаљно е прикажана судбината на отфрлените души: Штом умрат злобните луѓе, [[демон]]ите со страшен изглед бучно доаѓаат по [[душа]]та и ја стават на неподносливи маки, ја откинуваат од телото и ја влечат во [[пекол]]от. Според Хонориј, постојат два пекола - горен и долен. Горниот пекол, всушност, е овоземниот свет кој е исполнет со маки, возбуда, [[студ]], [[глад]], жед и разни телесни и душевни страдања. Долниот пекол се наоѓа под земјата и во него има девет видови измачувања за грешните души: таму гори вечен [[оган]] и владее неиздржлив студ; пеколот врие од [[црви]] со страшен изглед, [[змии]] и [[змеј]]ови кои живеат во огнот; четвртата мака е неподносливата смрдеа; петтата мака се камшиците на демоните; шестата мака е мракот кој се чувствува; седмата мака е срамот поради гревовите за кои дознале сите и кои не можат да се скријат; осмата мака е страшниот изглед на змејовите и демоните и страшните крици на жртвите и на џелатите; најпосле, деветтата мака се огнените окови со кои се врзани екстремитетите на грешниците. Луѓето кои за време на животот биле заглавени во алчност ќе горат во пеколниот оган; оние кои биле слуги на студенилото на злото ќе се мачат во пеколниот студ; слугите на зависта и омразата ги очекуваат пеколните црви и змии; оние кои уживале во смрдеата на раскошот ги очекува пеколната смрдеа; оние што ги отфрлиле заслужените казни на земјата ќе бидат камшикувани во пеколот; оние кои ја отфрлиле светлината Христова ќе бидат фрлени во пеколниот мрак; оние кои не се срамеле од своите гревови на земјата, во пеколот ќе бидат изложени на општиот срам; оние кои на земјата немале слух за доброто, таму ќе гледаат и слушаат само страшни работи; оние кои биле робови на различни пороци во пеколот ќе бидта оковани со огнените синџири. Во пеколот, грешниците ќе висат со главите надолу, ќе стојат завртени со грбовите еден кон друг, телата ќе им бидат растргнати итн. Опишувајќи ги пеколните маки, Хонориј не се придржува до традиционалното учење за седумте смртни гревови, туку дава порасчленет опис на гревовите: завист, гордост, лукавост, неверништво, лакомост, алкохолизам, уживање во раскош, убиство, суровост, крадење, разбојништво, нечистотија, алчност, прељуба, блуд, лажење, кривоклетство, богохулие, злосторство итн. Вака детаљни карактеристики на пеколните маки не се среќава во раната теолошка литература, туку Хонориј е првиот кој дал систематизирана и целосна слика на пеколот. Бидејќи во делата на неговите претходници не се среќаваат вакви описи на пеколот, истражувачите сметаат дека Хонориј бил инспириран од [[Скулптура|скулптурите]] и [[Фреска|фреските]] во црквата во [[Везел]].<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 249-251.</ref>
 
== Наводи ==