Пекол: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 22:
Еден од најпознатите и најцелосни описи на пеколот е даден во „Тнугдаловата визија“ (или „Тунгдаловата визија“) од [[XII век]], едно од најсовршениет дела на визионерскиот жанр. Во него се среќава градација на пеколните маки, во согласност со тежината на гревовите и во тој поглед, ова дело се смета за претходник на описот на пеколот што подоцна го дал Данте. Сепак, и во ова дела, пеколот не е организиран, туку претставува само збир од места (планини, долини, мочуришта, јами итн.) кои се одделени со некакви празнини кои Тнугдал и неговиот [[ангел]]-водич лесно ги прескокнувале. Всушност, во голем дел од средновековните дела, пеколот е опишан како неповрзана, расцепкана област. Исто така, зачудува тоа што во него постои вообичаеното време, наместо очекувана вечност. На пример, во „Брендановото патување“ јасно се зборува дека грешниците во недела и за време на празниците се ослободени од маките, а тоа се однесува и на самиот Јуда. Притоа, во вторник, четврток и сабота, тој е подложен на измачување во „долниот пекол“, а во понеделник, среда и петок во „горниот пекол“. Во „Адамноновата визија“ се вели дека свештениците кои го прекршиле заветот наизменично, на секој час, се креваат на небото, а потоа се спуштаат во пеколот. Слично, во „Баронтовата визија“, душите кои се мачат во пеколот, секој ден, околу шестиот час, добиваат од рајот мвлем кој им ја обновува снагата. Тнугдал го видел на другиот свет ирскиот крал [[Кормак Макарти]], кој секојдневно три часа бил подложен на пеколните маки. Во визијата на калуѓерот Алберих од [[Монтекасино]] е наведено дека на грешниците им е одредена казна од три години, а на грешните свештеници - 60 или 80 години, зависно од рангот. Овие примери покажуваат дека според средновековното сфаќање, и во пеколот постои времето.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 217-220.</ref>
 
Пеколот го опишува и [[Хонориј Августодунски]] во делото „[[Светило (книга)|Светило]]“. Според него, постојат два пекола - горен и долен. Горниот пекол, всушност, е овоземниот свет кој е исполнет со маки, возбуда, [[студ]], [[глад]], жед и разни телесни и душевни страдања. Долниот пекол се наоѓа под земјата и во него има девет видови измачувања за грешните души: таму гори вечен [[оган]] и владее неиздржлив студ; пеколот врие од [[црви]] со страшен изглед, [[змии]] и [[змеј]]ови кои живеат во огнот; четвртата мака е неподносливата смрдеа; петтата мака се камшиците на демоните; шестата мака е мракот кој се чувствува; седмата мака е срамот поради гревовите за кои дознале сите и кои не можат да се скријат; осмата мака е страшниот изглед на змејовите и демоните и страшните крици на жртвите и на џелатите; најпосле, деветтата мака се огнените окови со кои се врзани [[Екстремитет|екстремитетите]] на грешниците. Луѓето кои за време на животот биле заглавени во алчност ќе горат во пеколниот оган; оние кои биле слуги на студенилото на злото ќе се мачат во пеколниот студ; слугите на зависта и омразата ги очекуваат пеколните црви и змии; оние кои уживале во смрдеата на раскошот ги очекува пеколната смрдеа; оние што ги отфрлиле заслужените казни на земјата ќе бидат камшикувани во пеколот; оние кои ја отфрлиле светлината Христова ќе бидат фрлени во пеколниот мрак; оние кои не се срамеле од своите гревови на земјата, во пеколот ќе бидат изложени на општиот срам; оние кои на земјата немале слух за доброто, таму ќе гледаат и слушаат само страшни работи; оние кои биле робови на различни пороци во пеколот ќе бидта оковани со огнените синџири. Во пеколот, грешниците ќе висат со главиетглавите надолу, ќе стојат завртени со грбовите еден кон друг, телата ќе им бидат растргнати итн. Вака детаљни карактеристики на пеколните маки не се среќава во раната теолошка литература, туку Хонориј е првиот кој дал систематизирана и целосна слика на пеколот.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 249-250.</ref>
 
===Дантеовиот опис на пеколот===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пекол