Пекол: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 22:
Еден од најпознатите и најцелосни описи на пеколот е даден во „Тнугдаловата визија“ (или „Тунгдаловата визија“) од [[XII век]], едно од најсовршениет дела на визионерскиот жанр. Во него се среќава градација на пеколните маки, во согласност со тежината на гревовите и во тој поглед, ова дело се смета за претходник на описот на пеколот што подоцна го дал Данте. Сепак, и во ова дела, пеколот не е организиран, туку претставува само збир од места (планини, долини, мочуришта, јами итн.) кои се одделени со некакви празнини кои Тнугдал и неговиот [[ангел]]-водич лесно ги прескокнувале. Всушност, во голем дел од средновековните дела, пеколот е опишан како неповрзана, расцепкана област. Исто така, зачудува тоа што во него постои вообичаеното време, наместо очекувана вечност. На пример, во „Брендановото патување“ јасно се зборува дека грешниците во недела и за време на празниците се ослободени од маките, а тоа се однесува и на самиот Јуда. Притоа, во вторник, четврток и сабота, тој е подложен на измачување во „долниот пекол“, а во понеделник, среда и петок во „горниот пекол“. Во „Адамноновата визија“ се вели дека свештениците кои го прекршиле заветот наизменично, на секој час, се креваат на небото, а потоа се спуштаат во пеколот. Слично, во „Баронтовата визија“, душите кои се мачат во пеколот, секој ден, околу шестиот час, добиваат од рајот мвлем кој им ја обновува снагата. Тнугдал го видел на другиот свет ирскиот крал [[Кормак Макарти]], кој секојдневно три часа бил подложен на пеколните маки. Во визијата на калуѓерот Алберих од [[Монтекасино]] е наведено дека на грешниците им е одредена казна од три години, а на грешните свештеници - 60 или 80 години, зависно од рангот. Овие примери покажуваат дека според средновековното сфаќање, и во пеколот постои времето.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 217-220.</ref>
Пеколот го опишува и [[Хонориј Августодунски]] во делото
===Дантеовиот опис на пеколот===
|