Никола Мартиноски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Jingiby (разговор | придонеси)
Ред 32:
[[File:nikola martinoski.jpg|thumb|180px|left|Никола Мартиноски слика во своето ателје]]
=== Ран живот ===
Никола Мартиноски е роден на [[18 август]] [[1903]] година во [[Крушево]], како '''Николаче Мартин''' - едно од четирите деца на угледното и богато [[Власи|Влашко]] семејство на Коста и Анушка Мартин.<ref>Paul Beza (сè2013). Destination Avdela 2012, Or Back to the Future a Travelogue. Fast-Print Publishing. p. 37. ISBN 978-1-78035-628-0.</ref> Сè до [[1930]], неговото презиме е ''Мартин'' или ''Мартини''). Тоа е периодот на [[Илинденско востание|Илинденското востание]], кое останало запаметено како херојска и нееднаква борба на Македонците против петвековното ропство наметнато од страна на [[Отоманската Империја]].
 
Во [[1906]] година семејството Мартин се преселило во [[Скопје]]. Градот бил мало турско провинциско гратче во кое, сепак, постоеле знаци на економски, политички и културен живот. Никола Мартиноски го започнал своето образование во [[Романија|романското]] основно училиште во Скопје ([[1910]]), а во средното [[Србија|српско]] училиште во Скопје (од [[1918]] до [[1920]] година) почнал да покажува интерес кон цртањето. Во [[1919]] година, заедно со [[Томо Владимирски]], работел во ателјето на последниот македонски зограф [[Димитар Андонов Папрадишки]] и тука Мартиноски и Владимирски како помошници усвоиле некои знаења од иконописот и [[сликарство]]то.