Пандемија на коронавирус во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена владината веб-страница посветена на коронавирусот
сНема опис на уредувањето
Ред 34:
По предлог на техничката влада, вечерта на 18 март од страна на претседателот [[Стево Пендаровски]] поради пандемијата била воведена вонредна состојба на целата територија, така што било првпат во историјата на државата да се воведе оваа мерка.
 
Бројот на заразени започнал да расте особено во средината на март. Првиот смртен случај бил потврден на 22 март кај 56-годишна жена од Куманово, а наредниот ден била соопштена и втората жртва. НаВо почетокотпрвите наденови од април бројотима повеќе од десет случаи на починати од коронавирусот е 11 луѓе.
 
Пандемијата ја зафатила Македонија во време кога Собранието е распуштено поради распишувањето на [[Македонски парламентарни избори (2020)|предвремени парламентарни избори]] закажани за 12 април, а извршната власт ја има техничка влада. Владата предводена од [[Оливер Спасовски]], иницијално составена за спроведување на изборите, практично го пренасочила својот мандат во справување со пандемијата, а со воведувањето на вонредната состојба ја добила и законодавната власт.