Иво Сенковиќ и агата од Рибник: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
→‎Содржина: ситна поправка
Ред 2:
 
==Содржина==
Агата[[Ага]]та од Рибник му испраќа писмо на Ѓураѓ Сенковиќ во кое го повикува на [[двобој]] или, ако одбие, тогаш да му испреде кошула како доказ дека му се покорува. Стариот Ѓураѓ го чита писмото и плаче, зашто е стар и повеќе не може да се бори. Неговиот син Иво, кој има 16 години, го замолува да оди на двобојот со агата, но таткото не сака да го пушти, сметајќи дека ќе погине затоа што е неискусен. Меѓутоа, Иво изјавува дека не се плаши од агата и најпосле, Ѓураѓ се согласува да го пушти на двобојот. Агата седи во полето пред Рибник, во друштво со двајцата сина на пашата. Кога доаѓа Иво, агата го советува да се откаже од двобојот, зашто е многу млад за погине, ветувајќи му дека нема да го убие, туку ќе бара откуп за него. Меѓутоа, Иво го предизвикува агата на двобој. Агата го фрла копјето[[копје]]то, но не го погаѓа Иво поради штои почнува да бега. Иво успева да го стигне, но наместо да го убие, сака да го фати жив. Тогаш, агата пука со пушката[[пушка]]та и го убива коњот на Иво. Потоа, агата повторно напаѓа, но Иво му го убива коњот[[коњ]]от. Агата го моли Иво за милост, ветувајќи му големо богатство, но Иво го убива и се облекува во неговата облека. Двајцата синови на пашата почнуваат да го бркаат Иво, кој бега во шумата[[шума]]та, а таму им ги краде коњите и се враќа дома. Неговите родители помислуваат дека доаѓа агата и стариот Ѓураѓ го напаѓа сакајќи да се одмазди за смртта[[смрт]]та на својот син. Иво му кажува дека е тој, но од преголема жалост, татко му не го слуша, туку почнува да го брка со намера да го убие. Ѓураѓ го стигнува синот, а тој му ја покажува отсечената [[глава]] на агата и така се спасува.<ref>„Иво Сенковић и ага од Рибника“, во: Војислав Ђурић, ''Антологија српских народних јуначких песама''. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 331-341.</ref>
 
== Наводи ==