Дебрца: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 469:
 
=== Петар Чаулев во Дебарца и српска окупација ===
Уште од турско време Дебарца дејствуваше цело време под раководство на [[Христо Узунов]]. По него дошол и [[Петар Чаулев]] и останал да војува во Дебарца. Кога дојдоа Србите во 1912 година првото идење го затекнаа Петар Чаулев во Дебарца. Србите брзо го намирисаа како противник зошто не им се бендисаше неговата идеја, тогаш удрија потера по него, но не можеа да го фатат, па почнале да поткупуваат шпиуни, ама Чаулев бел поитар од нив. И подебелиот крај го извлекле селаните. Едно време Чаулев се криел во [[Издеглавје]], неговиот побратим Темелко Ѓорески од [[Арбиново]], кој бил и кмет на селото ги испратил Анастос Анѓелески, Никодим Караустоски и Русе Китаноски да му однесат писмо. Во писмото Темелко му имал напишано да се засолни на друго место бидејќи Издеглавје ќе биде сардисано. Тогаш Чаулев избегал но, при бегањето писмото му паднало при што Србите го пронашле писмото и следеле тешки измачувања за многу селани во Дебарца. Попот Горгија од [[Слатино (Охридско)|Слатино]] бил фатен и обесен на јасика до селото. Мицко од [[Издеглавје]] бил фатен и отепан крај [[Оздолени]]. Анастос, Никодим и Русе од [[Арбиново]] се врзани и однесени во [[Лешани]], носеле и други соработници на ВМРО од селата [[Велмеј]] и [[Брежани]]. Темелко Ѓорески го фатиле по 7 дена, тогаш дошол српскиот шпиун Мицко Прензо или Мицко Наумоски (иначе бивш член на [[Македонска револуционерна организација|МРО]], и доброволец во бугарската армија) од [[Сливово]] и го збрал сосе коњ, го однесол и него во Лешани, и таму му откопал гроб во шумата. Пред да го кутнат се фатил за еден кол па одвај го совладале, таму го заклале.<ref name=":2" /><ref name=":5" />
 
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дебрца