Разлика помеѓу преработките на „Драчево“

Одземен 161 бајт ,  пред 2 месеци
нема опис на уредувањето
(Одбиена последната промена (од Magdalena Trajkovska) и ја поврати преработката 3932007 на 92.53.44.248)
== Потекло и значење на името Драчево ==
 
Точното значење на името Драчево во нашата наука сè уште не е утврдено. Села со имиња Драчево, постојат во повеќе словенски земји: [[Русија]], [[Хрватска]], [[Босна и Херцеговина]], [[Бугарија]], [[Србија]]. Името Драчево го носи уште едно село во Зихненско во [[Егејска Македонија]], а во [[Македонија|Македонија]] постојат и 2 села со имиња [[Драчевица]] (Демиркаписко и Скопско во непосредна близина на Драчево). Во [[Албанија]] постои градот [[Драч]], а со коренот драч- постојат и други населени места во [[Македонија|Македонија]] (Драчиште, Драче) и други земји.
 
Сепак постојат две главни претпоставки, односно теории за потеклото на името Драчево. Првата теорија смета дека во основата на името Драчево може да се наоѓа личното име Драче кое претставува деминутивно образување изведено од антропонимот Драгољуб, Драгомир, Драгослав.<ref>Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр.17</ref> Личното име Драче во [[Македонија|Македонија]] е регистрирано во XVI век, а во XV век е забележано личното име Драчо, па оттука некои проучувачи сметаат дека името Драчево, означува „село кое му припаѓало на Драче“.<ref>Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр.17</ref> Втората теорија за потеклото на името се поврзува со растението што се вика драч или драча (драка) (лат. ''Paliurus aculeatus'') и има значење на „место каде што има драч“.<ref>Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр.17</ref> Драчот бил име за сите бодликави грмушки, а до ден денес за изгребување или бодење се користат глаголите „дречи“, „драскање“. Втората теорија, дека името на Драчево означува место каде што има трнливи и бодликави грмушки е потврдена и во делата на истражувачите [[Петар Скок]] и [[Јован Трифуноски]].<ref>Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр.18</ref>
[[Податотека:Drachevo (selo)-MKD.jpg|мини|лево|Поглед на дел од Драчево и дел од [[Скопска Котлина|Скопската Котлина]] од манастирот Света Петка - Три Круши]]
[[Податотека:Dracevo-selo-MKD.jpg|мини|лево|Поглед на дел од селото Драчево со возвишението Марков Рид]]
Драчево се наоѓа во јужниот дел на [[Скопска Котлина|Скопската Котлина]] на 12 километри оддалеченост од центарот на [[Скопје]] (во југоисточен правец). Населбата е рамничарска и низ неа минува локален пат за повеќе скопски села. Со центарот и другите делови на [[Скопје]], Драчево е поврзано преку автобуски линии, а исто така Драчево претставува и [[ЖС „Драчево“|железничка станица]] на пругата [[Скопје]] - [[Гевгелија]]. Драчево е сместено на јужниот раб на Скопската Котлина во подножјето на планината [[Китка]], дел од најголемиот македонски планински масив [[Јакупица|Мокра Планина]], под возвишението наречено Марков Рид, на надморска височина помеѓу 240 и 250 метри<ref>Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр.9</ref>. Непосредно на запад Драчево е расположено на десниот брег на [[Маркова Река]]. На север, запад и исток од Драчево се простира пространата [[Скопска Котлина|Скопска Котлина]] со соседните населени места [[Долно Лисиче]] и Под Станица на север, [[Студеничани]] и [[Морани]] на исток и југоисток, [[Пинтија]] и [[Усје]] на запад, [[Батинци]] на југ и југозапад и [[Горно Лисиче]] на северо-западсеверозапад. Од Драчево водат и регионални патни правци кон: [[Горно Количани]] и селата во подножјето на планината Китка (кон југ), [[Зелениково]] и селата по течението на [[Вардар]] кон [[Таорската Клисура]] (кон исток) како и кон [[Јурумлери]], [[Илинден (населба)|Илинден]] и Скопското поле (кон север). Низ селото Драчево тече потокот Мала Рада. Во селото Драчево постојат повеќе маала именувани по селските родови кои се распоредени горе и долу од главната улица „Драчевска“ како и околу улица „Китка“ која ја сече главната, а тоа се: Саве, Тоше и Кече Маала во горниот дел и Крко, Арсо, Крџе и Дашко Маало во долниот дел<ref>Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.111</ref>.
 
Во селото Драчево постојат повеќе маала именувани по селските родови кои се распоредени горе и долу од главната улица „Драчевска“ како и околу улица „Китка“ која ја сече главната, а тоа се: Саве, Тоше и Кече Маала во горниот дел и Крко, Арсо, Крџе и Дашко Маало во долниот дел<ref>Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.111</ref>.
 
== Историја ==
=== Современа историја ===
[[File:Ul.Drachevska-Sredselo-Drachevo-MK.jpg|thumb|Поглед на главната улица „Драчевска“ и средсело „Говедариште“]]
Поради својата големина и значајна местоположба, од времето по отоманското владеење, за време на српската и бугарската окупација па сѐ до периодот непосредно по Втората светска војна до шеесетите години на ХХ век, Драчево било седиште на Драчевската општина.<ref>„Ќе се спои Кадина со Маркова Река“ 24.3.1957 - рубрика Ретро на весникот „Нова Македонија“ бр.22239, четврток, 24.3.2011 (печатено издание)</ref> Во [[1965]] година, општината Драчево престала да постои, а Драчево било припоено кон [[Општина Кисела Вода]] во рамки на градот [[Скопје]] каде што административно припаѓа се до денес. По катастрофалниот [[Скопски земјотрес, 1963]] година, со одлука на советот на тогашната Општина Драчево бил усвоен урбанистички план во договор со градот [[Скопје]] за изградба на приградската населба во непосредна близина на селото, во која требало да се вселат 3000 семејства од [[Скопје]] кои ги загубиле своите домови во земјотресот<ref>Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр.17</ref>. Населбата Драчево била плански изградена со 2100 ниски приземни монтажни бараки кои ги граделе градежни фирми од целата тогашна [[Југославија]] и набрзо почнало да се населува население од сите краишта на [[Македонија|Македонија]]. За потребите на населбата биле отворени уште 2 основни училишта, а се отворило и средно училиште. Со изградбата на населбата, Драчево започнало да го добива денешниот свој лик и физиономија на посебно урбано населено место.
 
Во [[1965]] година, општината Драчево престанала да постои, а Драчево било припоено кон [[Општина Кисела Вода]] во рамки на градот [[Скопје]] каде што административно припаѓа и денес. По катастрофалниот [[Скопски земјотрес, 1963]] година, со одлука на советот на тогашната Општина Драчево бил усвоен урбанистички план во договор со градот [[Скопје]] за изградба на приградската населба во непосредна близина на селото, во која требало да се вселат 3.000 семејства од [[Скопје]] кои ги загубиле своите домови во земјотресот<ref>Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр.17</ref>. Населбата Драчево била плански изградена со 2.100 ниски приземни монтажни бараки кои ги граделе градежни фирми од целата тогашна [[Југославија]] и набрзо почнало да се населува население од сите краишта на [[Македонија]]. За потребите на населбата биле отворени уште 2 основни училишта, а се отворило и средно училиште. Со изградбата на населбата, Драчево започнало да го добива денешниот свој лик и физиономија на посебно урбано населено место.
 
=== Археолошки локалитети ===
== Стопанство ==
 
Драчево е економски високо развиено и активно населено место. Поради поволната географска положба во Драчево постои многу активен економско-стопански живот на населението. Населението на Драчево во најголем дел е вработено во фирми во [[Скопје]] и работи секундарни и терциерни стопански дејности, меѓутоа значаен дел од населението коешто живее во селото сѐ уште се занимава со земјоделство-полјоделство, односно градинарство. Во Драчево во се поголем пораст е и приватното претприемништво преку отварање на сопствени бизниси и помали претпријатија на неговите жители.
 
===Земјоделство и градинарство===
[[File:Geodetska karta na okolinata na Drachevo, 1930-te.jpg|left|200px|thumb|Геодетска карта на Драчево.]]
 
===Занаетчиство===
Селото Драчево во минатото покрај градинарството и земјоделието, било надалеку познато во [[Скопско]] и по грнчарството и грнчарскиот занает, за кој доаѓале ученици и од [[Скопје]], а во 1935 година се изградила и фабрика за тули и керамика<ref>Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр.84</ref>. Доказ за ова е родот Чапкуновци чиј предок од [[Скопје]] дошол да го изучи грнчарскиот занает во Драчево и така останал и го основал родот таму, а покрај нив со грнчарство се занимавале и други родови како Грначаровци, Дандаровци и други. Поради развиеноста на грнчарскиот занает, во минатото грнчарски производи од Драчево се продавале во околните села и на пазарот во [[Скопје]]. Покрај овој занает во минатото во Драчево биле развиени и фурнаџискиот, шивачкиот, ќурчискиот, коларскиот, берберскиот и чевларскиот занает. Со процесот на индустријализација, најголемиот дел од овие занаети згаснале, а денес преовладуваат современите модерни занаети како: автомеханичарство, автолакерство, автолимарство, пекарство, слаткарство, берберници и фризерски салони.
[[File:Stara-Makedonska-kukja-Dracevo-MK.jpg|thumb|left|Стара македонска куќа (чардаклија) во Драчево]]
Селото Драчево во минатото покрај градинарството и земјоделието, било надалеку познато во [[Скопско]] и по грнчарството и грнчарскиот занает, за кој доаѓале ученици и од [[Скопје]], а во 1935 година се изградила и фабрика за тули и керамика<ref>Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр.84</ref>. Доказ за ова е родот Чапкуновци чиј предок од [[Скопје]] дошол да го изучи грнчарскиот занает во Драчево и така останал и го основал родот таму, а покрај нив со грнчарство се занимавале и други родови како Грначаровци, Дандаровци и други. Поради развиеноста на грнчарскиот занает, во минатото грнчарски производи од Драчево се продавале во околните села и на пазарот во [[Скопје]]. Покрај овој занает во минатото во Драчево биле развиени и фурнаџискиот, шивачкиот, ќурчискиот, коларскиот, берберскиот и чевларскиот занает. Со процесот на индустријализација, најголемиот дел од овие занаети згаснале, а денес преовладуваат современите модерни занаети како: автомеханичарство, автолакерство, автолимарство, пекарство, слаткарство, берберници и фризерски салони.
 
===Индустрија, трговија и бизнис===
== Општествени установи ==
[[Податотека:ЖС Драчево.JPG|мини|десно|[[ЖС „Драчево“|Железничката станица „Драчево“]]]]
Во Драчево работата три основни училишта: Ц.О.У. „Рајко Жинзифов“, О.У. „Кузман Шапкарев“, О.У. „Климент Охридски“, како и две средни училишта „Браќа Миладиновци“ (со насоки: гимназија, земјоделско, хортикултура) и богословско средно училиште - православната богословија „Свети Климент Охридски“. Исто така во Драчево работи и детската градинка „1ви Мај“. Од здравствените установи во Драчево постои поликлиника, како и повеќе приватни лекарски и стоматолошки ординации. Во Драчево има полициска и противпожарна станица, како и пошта и спортска сала.
 
Од здравствените установи во Драчево постои поликлиника, како и повеќе приватни лекарски и стоматолошки ординации.
 
Во Драчево има полициска и противпожарна станица, како и пошта и спортска сала.
 
== Самоуправа и политика ==
Населеното место Драчево административно и статистички се дели на село Драчево и населба Драчево. За селото и населбата Драчево се водат посебни статистички и пописни податоци. Во рамките на [[Општина Кисела Вода]] на подрачјето на Драчево постојат месната заедница село Драчево со претседател Борче Бабунски и месна заедница населба Драчево со претседател Слободан Атанасовски.<ref>http://www.kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=1</ref>. Кон подрачјето на Драчево може да се смета и малата населба Подстаница (позната како Велешка Населба) која се наоѓа од левата страна на железничката пруга, спортиспроти [[ЖС „Драчево“|железничката станица Драчево]].
 
== Културни и природни знаменитости ==
 
== Редовни настани ==
Културно лето Три Круши. Се одржува секое лето во Културно рекреативниот центар Три Круши. Секој петок и сабота во малиот амфитеатар настапуваат естрадни уметници, актери, театри, продефилируваат членови на повеќе културно-уметнички друштва, настапуваат гости од повеќе земји од Европа. Во селото Драчево постои традиција уште од дамнешното минато да се коле жртва („курбан“) за празникот Свети Атанасиј (31.1.)<ref>Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.114</ref>. Прославата на Свети Атанасиј е масовна од сите жители, иако црковните свештени лица не го одобруваат колењето на животни. Пред најголемиот христијански празник Велигден, постои традицијата ''Покрсти'' која се одржува до денешни дни кога голема поворка на жители со црковни знамиња и икони (литија) пешачи од селската црква, преку Марков Рид до месноста и манастирот Пеленица и назад. Голем општонароден собор секоја година се одржува и на [[Спасовден]], патрониот празник на селската црква<ref>Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.114</ref>.
 
== Личности ==
 
* [[Миле Кузмановски]], пејач
* [[Петар Наумоски]] (* [[1968]]), кошаркар
* [[Бобан Трпков]] (* [[1968]] – [[2001]]), [[Список на загинати бранители на Македонија|македонски бранител]], припадник на [[Единица за брза интервенција „Лавови“|ЕБИ Лавови]]
* [[Игор Костески]] (* [[1975]] – [[2001]]), [[Список на загинати бранители на Македонија|македонски бранител]], водник во [[Баталјон за специјални намени „Волци“|БСН Волци]], еден од загинатите во [[масакрот кај Вејце]]
* [[Тијана Дапчевиќ]] (* [[1976]]), пејачка
* [[Теодор Стојановски]] (* [[1977]] – [[2001]]), [[Список на загинати бранители на Македонија|македонски бранител]], граничар на [[АРМ]]
* [[Тамара Тодевска]] (* [[1985]]), пејачка
* [[Даниел Коцалев]]
 
== Ритам ==
Во Драчево има два фудбалски клуба [[ФК Драчево]] и [[ССК Младинец]]. Двете екипи се натпреваруваат во третата фудбалска лига на Р.Македонија. Во минатото постоел и [[ФК Партизан (Драчево)]] каде што почнал да игра познатиот Македонски фудбалер, Мирко Петров. Има и една женска кошаркарска екипа [[ЖКК Младинец]] која се натпреварува во Првата кошаркарска лига за жени на Македонија и машкиот кошаркарски клуб [[КК Ангели]], кој се натпреварува во 3 Кошаркарска лига. Истотака, на 15 март 2009 е основан и ракометен клуб „[http://www.rkdracevo.com РК Драчево]“ кој веќе се натпреварува во Првата машка ракометна лига. Во Драчево има голем број на планинари и функционира планинарското друштво ПСК „Драчево“ кое стопанисува и управува со планинарскиот дом „Караџица“.Почна со работа во Драчево и Ансамбл „Драчево 2012“. До сега Ансамбл "Драчево 2012" има патувано на следните места: Врање-Србија, Прага-Чешка, Ајдин-Турција, Паралија-Грција, Барселона-Шпанија, Кумбур-Црна Гора и во Охрид и Крушево, а треба да оди во Истанбул-Турција, Русија, Банско-Бугарија, Италија итн.
 
<span lang="MK">Културно уметничкото друштво КИТКА-Драчево е формирано 1968 год. Оснивањето на друштвото го трасира патот на негувањето и афирмирањето на фолклорната традиција.На првата програмска определба на друштвото беше насочена кон
на друштвото го трасира патот на негувањето и афирмирањето на фолклорната
традиција.На првата програмска определба на друштвото беше насочена кон
изворните игри и песни,белег на традициите од поднебјето на Скопско и пошироко
од поднебјето на етничка Македонија. Паралелно со изворните игри и песни
друштвото дел од својата програмска ,репертоарска политика ја насочи и спрема
надградбите преточени преку современиот сценски израз низ масовни кореогравски
постановки.Овие програмски постановки во изминативе повеќе децении придонесоа
афирмација не само на друштвото туку и на Македонското фолклорно наследство.. Друштвото
на својот репертоар има над  20-тина
автентични изворни ора ,како и масовни кореогравски постановки.Друштвото има
реализирано повеќе концерти,манифестации во Македонија,на просторите на
поранешна Југославија,како и во повеќе земји во Европа и во Соединетите
Американски Држави. Куд КИТКА-Драчево спаѓа во редот на реномираните аматерски
фолклорни ансамбли во Република Македонија,за што сведочат и многуте награди и
признанија добиени на фестивалите</span>:<span lang="MK" dir="ltr">Скопски фолклорни вечери, Балкански
фестивал-Охрид,Илинденски денови-Битола,Меѓународна фолклорна
смотра-Загреб,како и на меѓународните фестивали во
други држави.2014 беше гостин на меѓународниот фолклорен фестивал во
Измир-Турција ,учесник на фолклорен фестивал во Ново Чиче(побратимување),учесник
на културно лето во Змајево ( побратимување јубилеј 20 години), во периодот од
20-27.04.2015 ќе биде учесник на фолклорниот фестивал во Маниса-Турција ( прва
група),во периодот од 10-16.06.2015 ќе биде гостин на детскиот фолклорен фестивал
што ќе се одржи во Кранево-Албена Бугарија</span>.
 
== Иселеништво ==
== Наводи ==
{{наводи|2}}
{{рв|Dračevo}}
 
 
{{Населби во Скопје}}
5.936

уредувања