Роднински односи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Македонскиот јазик]] е еден од најбогатите со поими кога се во прашање роднинските односи. [[Крвно сродство|Крвното сродство]], односно роднинството, во традиционалната култура на [[Македонци]]те се сметало за света работа која крајно се почитувала. Блиските роднински односи се чувале, не само меѓу [[семејство|семејствата]] на родените браќа и братучеди, по чичко, вујко и тетка, туку и меѓу подалечните роднини.
 
Бидејќи [[македонскиот народ]] е [[семејство|семеен]] народ и долго време ги одржува семејните традиции<ref>[http://pletmk.blogspot.com/2007/07/8.html Крвта вода не бидува, ] Плет online</ref>, во [[јазик]]от се користат многу поими кои не можат да се најдат или воопшто не се користат во другите јазици, па дури и меѓу оние со [[Словени|словенскo]] потекло.
 
== Директни роднински односи на различни генерациипоколенија, потомци ==
* '''[[Родител|Родители на детето]]''' — две личности од различен пол (татко и мајка), кои како последица на [[секс]]уални односи или [[посвојување]] добиваат [[потомство|потомци]] — деца <ref>[http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/zakon_semejstvo_osnoven.pdf Закон за семејството, член 7]</ref>
* '''[[Мајка]]''' — женски родител на детето (биолошка мајка)
Ред 24:
* '''[[Чукунбаба]]''' — мајка на прабабата на детето
 
== ДиректниНепосредни роднински односи од истаисто генерацијапоколение ==
* '''[[Брат]]''' - син од исти родители во однос на другите деца на тие родители
* '''[[Сестра]]''' - ќерка од исти родители во однос на другите деца на тие родители
* '''[[Полубрат]]''' брат на другите деца само по татко или по мајка
* '''[[Полусестра]]''' сестра на другите деца само по татко или по мајка
* '''[[Батко]]''' - постар брат
* '''[[Дада]]''' - постара сестра
 
== Брачни роднински односи ==
* '''[[Чичко]]''' - брат на таткото
* '''[[Стрина]]''' - сопруга на братот на таткото -, не е во крвно сродство
* '''[[Вујко]]''' - брат на мајката
* '''[[Вујна]]''' - сопруга на вујкото -, не е во крвно сродство
* '''[[Тетка]]''' - сестра на таткото или на мајката
* '''[[Тетин]]''' - сопруг на тетката -, не е во крвно сродство
 
== Роднински односи - прво колено ==
Роднини од прво колено се оние кои имаат ист дедо или баба, или и двајцата. Ако претпоставиме дека [[родител]]ите имаат два сина и две ќерки, тогаш тие деца ќе ги имаат следните роднински имиња:
* '''братанец''' и '''братаница''' - син или ќерка од братот во однос на другиот брат или браќа
* '''внук''' или '''внука''' (од брат или од сестра) - син или ќерка во однос на тетката и тетинот, односно вујкото
* '''сестричник''' и '''сестричница''' - син или ќерка на една од сестрите во однос на другата сестра или сестри, односно брат или браќа на сестрата
* '''братучед''' и '''братучетка''' (братучеда) - син или ќерка на тетката, вујкото или чичкото
 
== Брачни, генерациски односи меѓу поколенија ==
* '''[[Свекор]]''' - татко на сопругот
* '''[[Свекрва]]''' - мајка на сопругот
* '''[[Тест (сродство)|Тест]]''' (дедо) - татко на сопругата
* '''[[Тешта]]''' (баба) - мајка на сопругата
* '''[[Зет]]''' - сопруг на ќерката или сестрата
* '''[[Снаа]]''' - сопруга на синот, внукот или братот
* '''[[Шура]]''' - брат на сопругата
* '''[[Шурнајка]]''' - сопруга на братот на сопругата (сопруга на шурата)
* '''[[Свеска]]''' (балдаза) - сестра на сопругата
* '''[[Баџанак]]''' - сопруг на сестрата на сопругата
* '''[[Девер]]''' - брат на сопругот
* '''[[Золва]]''' - сестра на сопругот
* '''[[Јатрва]]''' - сопруга на братот на сопругот
* '''[[Сват]]''' - татко на сопругот на ќерката или на сопругата на синот
* '''[[Сваќа]]''' - мајка на сопругот на ќерката или на сопругата на синот
 
== Останато ==
* '''Единец''' или '''единица''' - единствено дете на родителите
* '''Посмртче''' - дете родено по смртта на неговиот татко
* '''Посвојче''' - [[посвојување|посвоено]] дете
* '''Најденче''' - најдено дете чии родители не се познати
* '''Копиле''' (''експлнавр.'') - дете на кое не му се знае таткото
* '''СирачеСирак''' -или '''сираче''' — дете на кое му умреле родителите
* '''Кум''' или '''кума''' - сведоци на брачниот пар при венчавањето или на детето при крштевањето
* '''Кумче''' или '''кумичка''' - дете во однос на кумот кој го крстил
* '''Кумашин''' и '''кумашинка''' - брачниот пар во однос на кумот кој ги венчал
* '''Старосват''' (старејко) или '''старосватица''' (старејковица) - вториот сведок (покрај кумот) при венчавањето
* '''Побратим''' - близок пријател со кого со усен договор меѓусебните односи се уредуваат како братски
* '''Посестрима''' - блиска пријателка со која со усен договор меѓусебните односи се уредуваат како сестрински
 
== Наводи ==
{{reflistнаводи}}
 
[[Категорија:Роднински односи| ]]
[[Категорија:Општествени обичаи]]
[[Категорија:Општествени норми]]
 
[[en:Macedonian kinship]]
 
[[Категорија:Роднински односи]]