Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка |
Го проширив биографискиот вовед преведувајќи од англиската верзија и притоа додавајќи свои објаснувања потпирајќи се на извори од третиот том на Карл Маркс по однос на прашањето за „самоуништувањето на капитализмот“. |
||
Ред 19:
|influenced =
|notable_ideas = Коосновач на [[марксизмот]] (со [[Фридрих Енгелс|Енгелс]]) |}}
'''Карл Маркс''' ({{lang-de|Karl Marx}}; [[Трир]], [[5 мај]] [[1818]] - [[Лондон]], [[14 март]] [[1883]]) — [[Германија|германски]] [[филозофија|филозоф]], [[политичка економија|политички економист]], историчар, социолог, политички теоретичар, новинар и комунистички [[револуција|револуционер]]. Еден е од најистакнатите претставници на Меѓународното здружение на работниците (попознато како [[Прва интернационала]]) и е втемелувач на [[марксизам|марксизмот]]. За најважно негово дело сме смета обемната
Роден
Критичките теории на Маркс за општеството, економијата и политиката - колективно сфатени како марксизам - тврдат дека човечките општества се развиваат преку класна борба. Во капитализмот, ова се манифестира во конфликт помеѓу владејачките класи (познати како буржоазија) кои ги контролираат средствата за производство и работничките класи (познати како пролетаријат) што ги создаваат овие средства со продажба на нивната работна сила за возврат за плати. Применувајќи критички пристап познат како историски материјализам, Маркс предвиде дека, како и претходните социо-економски системи, капитализмот произведува внатрешни тензии што ќе доведат до физичко и вредносно уништување на неговиот капитал (конфликт меѓу раширувањето на производството и оплодувањето на вредноста)<ref>{{Наведена книга|title=Капиталот, том трети|last=Маркс|first=Карл|publisher=Мисла|year=1976|isbn=|location=Скопје|pages=226-229}}</ref> и негова замена со нов систем познат како комунизам преку победоносна класна борба извојувана од работничката класа. Но, истовремено Маркс предупреди на причини со спротивно дејство „зошто ова паѓање не е поголемо или побрзо ... влијанија со спротивни дејства, кои го попречуваат и укинуваат дејството на општиот закон и нему му даваат карактер само на тенденција, поради што паѓањето на општата профитна норма ние го означивме како тенденциско паѓање.“<ref>{{Наведена книга|title=Капиталот, том трети|last=Маркс|first=Карл|publisher=Мисла|year=1976|isbn=|location=Скопје|pages=213-220}}</ref>
За Маркс, класните антагонизми под капитализмот, делумно поради неговата нестабилност и природа склона кон економски кризи, би резултирале со развој на класната свест на работничката класа, водејќи до нејзино освојување на политичката власт и на крајот воспоставување на бескласно, комунистичко општество составено од слободно здружени производители. Маркс активно се залагал за негово спроведување, тврдејќи дека работничката класа треба да спроведе организирана револуционерна акција за соборување на капитализмот и да донесе социјално-економска еманципација.
Маркс е опишан како една од највлијателните личности во историјата на човекот, а неговото дело е и пофалено и критикувано. Неговата работа во економијата постави основа за поголем дел од тековното разбирање на трудот и неговиот однос со капиталот и последователната економска мисла. Многу интелектуалци, работнички синдикати, уметници и политички партии ширум светот се под влијание на работата на Маркс, при што многумина ги модифицираа или адаптираа неговите идеи. Обично Маркс е наведен како еден од главните архитекти на модерната општествена наука.
== Животен и интелектуален развој ==
|