Преспански договор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 56:
За време на потпишувањето на договорот, на патот што води од [[Преспа]] кон [[Лерин]], во близина на селото [[Песодер]] кое е на триесетина километри од [[Нивици]], група на граѓани меѓу кои и грчки екстремни десничари протестирале против потпишувањето на договорот. Тие се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, а на тоа полицијата константно реагирала со користење на солзавец за да се растере масата од демонстранти. Во самите инциденти имало осум повредени.<ref>{{нмс|title=Осуммина повредени во Нивици по судирот на демонстрантите и полицијата|url=https://republika.mk/928546|work=Република|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Демонстрантите се обиделе и преку шумата да дојдат до местото на потпишување на договорот но таквиот обид бил спречен од грчката полиција. Самите протести траеле цели 4 часа.<ref>{{нмс|title=Преку шумата се обиделе да дојдат до шаторот кај Заев и Ципрас: Инцидентот во грчка Преспа траел цели 4 часа|url=https://republika.mk/928569|work=Република|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
== Контроверзии ==
Во еден дел од македонската научна јавност (пример, професорките по уставно право [[Гордана Силјановска-Давкова]], проф. Тања Каракамишева и проф. Биљана Ванковска) ваквиот „договор за идентитет“ во суштина мора да се смета (по себе) за нелегален (те. спротивен на основните ius cogens норми, т.е. императивнато право на суверенитетот врз државно-правниот идентитет и неотуѓивост и неприкосновеност на националниот идентитет), и може еднострано да се раскине преку дипломатските според Виенската конвенција на ОН за правото на договори од 1969 година имајќи предвид дека не е во согласност со Повелбата на Обединетите нации и судските ставови на Меѓународниот суд на правда во Хаг. <ref>Види за незаконитоста на Преспанскиот договор во JPSIR 2019[http://www.sciencepublishinggroup.com/journal/paperinfo?journalid=304&doi=10.11648/j.jpsir.20190202.13]</ref>