Западна Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 9:
Според пописот од 2002 година, во овој регион живееле '''763.912''' жители.<ref name="попис">{{цитирана мрежна страница|url=http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf|title=Попис на Македонија|date=2002|publisher=Завод за статистика на Македонија|accessdate=29 март 2016}}</ref>
 
Од етнички аспект, [[Македонци|Македонците]] живеат на целата територија, додека [[Албанци|Албанците]] претставуваат мнозинско население во целата [[Полошка Котлина]], во градот [[Дебар]], а околу една половина од населението сочинуваат во [[Кичевско]] и [[Струшко]] (дел од [[Македонци-муслимани|Македонците муслимани]] се изјаснуваат како [[Албанци]]). Помал број на [[Албанци]] живеат во градовите [[Охрид]], [[Битола]] и [[Ресен]], како и во неколку [[Преспа|преспански]], [[Битолско|битолски]], [[Прилепско Поле|прилепски]] и [[Крушевско|крушевски]] села. Македонското население е поделено во две конфесии - христијани и муслимани, а Македонците муслимани претставуваат најмногубројно население во [[Рекански регион|Реканскиот регион]], а исто така во голем број се застапени и во [[Дебарско]], [[Жупа]], [[Струшко]] ([[Струшко Поле|Поле]] и [[Дримкол]]) и [[Кичевско]] и [[Прилепско]]. Турците во најголем број живеат во [[Гостиварско]], односно во градот [[Гостивар]] и уште во неколку големи села, потоа во [[Жупа]], [[Преспа]], како и во градовите [[Дебар]], [[Струга]], [[Охрид]], [[Кичево]], [[Битола]] и [[Ресен]]. [[Македонски Роми|Ромите]] се застапени готово во сите градски средини, а [[Македонски Власи|Власите]] живеат во [[Крушево]] (20 % од населението), [[Струга]], [[Охрид]], [[Битола]] и во неколку [[битолски]] села.
 
Етнички гледано, населението е составено од:<ref name="попис" />