Битола: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 6 промени (од Magdalena Trajkovska и Hristijan Kicho) и ја поврати преработката 3935859 на Ehrlich91
mk.wikipedia.org/wiki/Битола
Ред 52:
|footnotes =
}}
'''Битола''' — [[град]] во [[југозапад]]ниот дел на [[Македонија]], на бреговите на реката [[Драгор]], [[административен центар|административен]], [[култура|културен]], [[економија|економски]], [[индустрија|индустриски]], [[образование|образовен]] и [[наука|научен]] центар за тој дел од земјата. Градот е познат под името ''град на конзулите'', бидејќи тука се наоѓале конзуларните претставништва на [[Европа|европските земји]] во времето на [[Отоманската Империја]], каде заедно со [[Солун]] бил најважно место во европскиот дел на Империјата. Во периодот 1864 - 1912, Битола бил главен град на [[Битолски вилает|Битолскиот вилает]], еден од трите вилаети во регионот [[Македонија (регион)|Македонија]]. И денес, голем дел од [[конзулати во Македонија|конзуларните]] претставништва во Република Македонија се наоѓаат тука. Битола е [[Градови во Македонија|втор по големина град]] во Македонија според бројот на жители (2002 г.). На север од Битола се наоѓа [[Главен град|главниот град]] на Македонија, [[Скопје]] (169 км), на североисток се наоѓа градот [[Прилеп]] (43 км), на југ се наоѓа градот [[Лерин]] ([[Грција]]) (33 км) и на северозапад се наоѓаат [[Кукуречани]] (7 км) и [[Демир Хисар]] (27 км). За време на [[Југославија]] бил еден од културните центри, како во [[Кралство Југославија|Кралството Југославија]], така и во [[СФРЈ]]. Таткото на [[Турција|турската]] нација [[Кемал Ататурк]] завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во [[Народен музеј - Битола|Народниот музеј]]. Битола било седиште на истоимената [[Општина Битола]].
 
== Етимологија ==
Ред 119:
 
== Географија ==
Градот е сместен на североисточното подножје на планината [[Баба Планина|Баба]] и југоисточното подножје на [[Облаковска Планина]], во средишниот дел на [[Пелагонија|Пелагониската Котлина]]. Низ него тече реката [[Драгор]]. Се наоѓа на 14 км северно од границата со [[Грција]], на [[надморска височина]] од 576 m. Битола е традиционално важна трговско-патничка врска помеѓу [[Јадранско Море|Јадранското]] и [[Егејско Море|Егејското Море]], како и една од најзначајните патнички врски на [[Балкан]]от со [[Централна Европа]]. Битола е оддалечен 169 км јужно од [[Скопје]], 42 км југозападно од [[Прилеп]], 32 км источно од [[Ресен]], 33 северно од [[Лерин]] ([[Грција]]) и 28 км јужно од [[Демир Хисар]]. Се наоѓа на 200 километри во северозападен правец од [[Егејско Море]].
 
=== Клима ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Битола