Вилијам I: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vele 123 (разговор | придонеси)
с 1 линк Вилијам први
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување Напредно мобилно уредување
Одбиена последната промена (од Vele 123) и ја поврати преработката 3876472 на Bjankuloski06
Ред 24:
|}}
 
'''Вилијам I од Англија''' ([[англиски]]: ''William I the Conqueror''), познат и како ''Освојувач'' или ''Копиле'', бил [[Нормандија|војвода на Нормандија]] ([[1035]] — [[1087]]) и [[крал на Англија]] ([[1066]] — [[1087]]). Како војвода од Нормандија, тој станал еден од најголемите феудални владетели во [[Франција]].
 
Вилијам е познат по тоа што извршил [[ВилијамНомадско Iосвојување на Англија|инвазија во Англија]]. Претходно, со тронот на [[Англија]] управувал [[Едвард Исповедник|Едвард Исповедникот]] ([[1042]]-[[1066]]), и тој не оставил наследник. Поради тоа, претензии кон тронот изјавиле три страни: [[Харалд III од Норвешка]], кој имал крвно сродство со претходниот крал, Вилијам Освојувачот и [[Харолд II]] кој во практика владеел со [[Англија]] уште во времето на претходниот крал. Помеѓу трите страни започнало да се водат битки. Вилијам тврдел дека самиот Едвард го одредил да биде идниот крал. Херолд пак бил избран за крал по традиционален начин и крунисан во [[1066]] година. Вилијам тоа не го прифатил, па побарал подршка од [[папа]]та за инвазија на Англија.
 
Кралот [[Харалд III од Норвешка]] во [[1066]] година ја нападнал [[северна Англија]], и новоизбраниот крал немал време да ја мобилизира својата војска. Во [[битка кај Стемфорд бриџ|битката кај Стемфорд бриџ]], на [[25 септември]] [[1066]] година бил убиен норвешкиот крал, а [[Викинзи]]те биле принудени да се повлечат. Во меѓувреме, Вилијам собрал флота од околу 600 бродови и војска од околу 7.000 војници. Тој својата војска ја регрутирал не само од [[Нормандија]], туку имал подршка и од Холандија и Германија. Така, во [[Битка кај Хејстингс|битката кај Хејстингс]], на [[14 октомври]] [[1066]] година, [[Нормани]]те издвојувале голема победа, а самиот крал Харолд бил убиен. Оваа битка и смртта на кралот Харолд се опеани во песната „Бојното поле кај Хејстингс“ на германскиот поет [[Хајнрих Хајне]].<ref>Hajnrih Hajne, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 52-55.</ref>