Дебарски дијалект: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 11:
 
== Фонолошки карактеристики ==
 
==== Самогласки ====
Фонолошкиот систем на дебарскиот говор се состои од 6 самогласки и 25 согласки.
 
Самогласни фонеми се: ''и, е, ӑ, а, у, о''.
 
Во според ба со другите дебарскн говори како карактеристична структурна особеност на вокализмот во дебарскиот се јавува фонемата ''ӑ''. Фонетски таа се определува како средноjазичен глас. Средниот дел на jазикот артикулира во правецот на граничната зона меѓу тврдото и мекото непце и при тоа тој се издигнува средно. Има ист степен на отвор како самогласките ''о'', ''е'', но таа не е ни лабиjализиран ни палатален глас. Фонолошки ''ӑ'' се јавува како корелат на фонемата ''а'' по признакот висок - низок отвор. Во врска со дистрибуциjата треба да истакнеме дека ''ӑ'' не може да стои ни на апсолутниот почеток, ниту во афиксите. Со други зборови, таа се среќава само во коренската морфема, сп.''грӑди, jӑже, пӑт, рӑка''. На историски план фонемата ''ӑ'' се јавува како континуант на носовката *''Q'', секундарниот ''Ъ<sub>2</sub>'' и во група со ''р'' и ''л'' како рефлекс на вокалните *''r'' и *''l''.
 
''*Q> а: внӑтра – натра, грӑдu, гнӑсно, гӑба, јӑзер, гӑжва'' ([[Селци]])'', дӑп – дӑбjе, дӑга, дрӑк - дрӑгот, зап - зӑби, jӑже, jӑшор, jӑдица, jӑглен, кӑде, кӑј, каӑлица (: кӑрклица ,'' [[Голем Папрадник|Г. Папрадник]]''), се кӑпит, кӑтит, кӑтник, кӑдел'а, кӑсат, кӑпинки, лӑчиш, мӑка, мӑчно, мӑш – мӑжи, мӑшко, мӑдро, мӑтка, мӑштеjнца, мӑтит, прӑт, рӑка, смӑт, сӑк, сӑжен, сӑбота, сӑдоj, стӑпал' ка, стрӑга трӑба, тӑга, тӑпан, трӑт.''
 
Со запазен назализам забележени се: ''кӑндро'' ([[Локов]]), ''стрӑнга'' ([[Голем Папрадник|Г. Папрадник]]).
 
Во оваа позициjа (во коренската морфема) само во неколку случаи место ''*Q'' наогаме ''о'': ''глобок, клопче, клопко, топук, отоде, своноќ, свозима'' (на целата териториjа). Во поодделни населби броjот на примерите со ''о'' е поголем, особено во периферните области. Сп. ''собота'' ([[Дебар]]), ''кодраф'', ''копинка'', ''стопало'', ''топан'', ''подит, исподит'' ([[Баниште]]), ''божилок'', ''доп, зоби'', ''можите'', ''модро'', ''мотна вода'', ''cкoпиja'', ''тога'', ''троба'' ([[Селци]]).
 
Во неколку случаи во говорот на Македонците муслиман во [[Голем Папрадник]] ''*Q'' е заменето со ''е'' : ''jеглен, jеже, jежица, jеток'', ''греди'': ''ме болет гредите'', покраj гр''ӑ''ди. Паралелно со ''каде'' се срекаваат и разновидностите ''кеде'', ''кej'', ''ке''.
 
* фиксиран акцент на третиот слог од крајот на зборот
* намалена употреба на согласката '''Џ''', наместо неа се употребува '''ж'''
* носовката ''q'' се реализира во ''ӑ'' во коренот на зборот, како и во иницијална позиција: ''рӑка, пӑт, зӑб, мӑка, мӑж'' итн.
* намалена употреба на согласката '''Џ''', наместо неа се употребува '''ж'''
* употреба на ''о'' наместо а: рака > рока
* употреба на ''о'' наместо мекиот глас: крв > корв