Костурски дијалект: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
 
Се зборува во [[Костур (општина)|Костурско]], [[Егејска Македонија]], областа [[Корешта]], северно од градот [[Костур]], како и селата [[Врбник]] и [[Билишта]], денес во [[Албанија]]. Денес, дијалектот се среќава во говорна форма, но во минатото го среќаваме и во пишана форма, на пр. весниците [[Нова Македонка]] и [[Единство (весник)|Единство]]. Најстарите податоци за говорот од Костурско ги среќаваме во „Македонски лексикон од XVI век“ (''Un Lexique Macédonien du XVI siècle''), кој содржи повеќе од 300 зборови и фрази од село [[Богатско]].
 
<br />
 
== Територија ==
1. '''Костурско-корешчанскиот говор''' зафаќа најголема територија на костурското говорно подрачје: се простира на две географски области – [[Пополе]], рамничарскиот дел околу [[Костурско Езеро|Костурското Езеро]], каде што се наоѓаат градовите [[Костур (град)|Костур]] и [[Рупишта]], и [[Корешта]] – претежно планинскиот дел во сливот на горниот (изворишниот) ток на реката [[Бистрица (Егејска Македонија)|Бистрица]] до [[Нередска Планина|Нередската Планина]] на исток, која претставува и граница со леринскиот говор. На тој простор македонското население живее во [[Рупишта]], [[Горенци (Костурско)|Горенци]], [[Загоричани]], [[Тихолишта|Тиолишта]], [[Куманичево (Костурско)|Куманичево]], [[Поздивишта]], [[Брезница (Костурско)|Брезница]], [[Смрдеш]], [[Крчишта]], [[Вишени]] и други, а некои села денес веќе не егзистираат, бидејќи по [[Грчка граѓанска војна|Граѓанската војна во Грција]] се разурнати, а македонското население е раселено или отидено во емиграција. Такви села се: [[Косинец]], [[Габреш (Костурско)|Габреш]], [[Лабаница (Костурско)|Лобаница]], [[В’мбел|В'мбел]], [[Бапчор]], [[Д’мбени|Д'мбени]] (подоцна обновено со [[Власи]] од [[Епир]]) и други.
 
* Костурско-корешчанскиот говор доминира и во селата што се наоѓаат во малата област Река во изворишниот дел на [[Бистрица (Егејска Македонија)|Бистрица]] под Писодерската Планина. Тука спаѓаат селата [[Рулја]], [[Бесвина]], [[Трново (Леринско)|Трново]], [[Ошчима]] и [[Желево]]. Овој подговор условно се нарекува '''корешчанско-рекански'''.
 
2. '''Костурско-беличкиот говор''' го репрезентираат триесетина села распоредени во сливот на реката Белица, десна притока на Бистрица. Неговата северна и североисточна граница оди по правецот на селата [[Новоселјани]] – [[Четирок]] – [[Мањак]] – [[Марковени]]. На овој простор се наоѓаат селата [[Слимница]], [[Јановени]], [[Стенско]], [[Граче|Гратче]], [[Галишта]], [[Псоре]], [[Добролишта]], [[Четирок]], [[Радигоже]] (раселено) и други.
 
3. '''Костенарскиот говор''' го зафаќа најјужниот дел од костурското говорно подрачје. Неговите најтипични репрезентанти се селата: [[Езерец (Костурско)|Езерец]], [[Осничани|Сничени]], [[Видолушта|Видулушта]], [[Жиковишта|Зиковишта]], [[Лебишево|Лебишово]], [[Долени (Костурско)|Долени]], [[Мангила]], [[Нестиме|Нестим]], [[Жужелци]], [[Марчишта (Костурско)|Марчишта]] (раселено) кои се расположени во планинскиот дел на [[Костенарија|Костенаријата]].
 
* Нестрамскиот говор го репрезентира гратчето [[Нестрам]], кое се наоѓа во горниот тек на реката [[Белица]], околу 25 километри југозападно од [[Костур (град)|Костур]] на надморска височина од 870 метри.
 
== Фонолошки карактеристики ==