Мустафа Кемал Ататурк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отповикани уредувањата на 146.255.74.244 (разговор), враќајќи на последната преработка на Aybeg
Ознаки: Отповикување SWViewer [1.3]
Ред 49:
=== Приватен живот ===
==== Детство и младост ====
Податотека:Centar Župa – Atatürk.jpg|мини|лево|180п|Статуа на Ататурк во [[Центар Жупа]], западна Македонија.
 
Роден е во [[Солун]], во [[1881]] г. По неговото раѓање го добива името ''Мустафа'' додека пак презимето му било ''Кемал'', што во превод значи „совршеност“. Името го дал неговиот наставник по [[математика]] бидејќи Ататурк поседувал одлично познавање од областа на математиката.<ref>{{цитирана веб страница |url=http://www.turkishembassy.org/index.php?option=com_content&task=view&id=300&Itemid=317 |title=Mustafa Kemal Atatürk |publisher=Turkish Embassy website |accessdate=2007-08-07}}</ref> Во неговите рани години Мустафа посетувал врско училиште, по совет на неговата мајка, но тоа траело краток период. Подоцна, Мустафа се запишал во приватното секуларно училиште [[Училиште Шемси Ефенди|Шемси Ефенди]] по совет на неговиот татко. Неговите родители сакале Ататурк да се запише во трговско училиште, но Кемал без нивно прашање се запишал во основно воено училиште во [[Солун]] во [[1893]] година. Во [[1896]] година се запишал во средното воено училиште во [[Битола]]. Во [[1899]] година станал дел од воената школа во [[Истанбул]] и дипломирал во [[1902]] година. Кемал Ататурк дипломирал на воената академија на [[11 јануари]] [[1905]] година. Вредно е и битно е да се напомене дека по таткова семејна линија Мустафа Кемал Ататурк потекнува од селото [[Коџаџик]] кој се наоѓа во областа [[Жупа]] во [[Дебарско]], Македонија, каде во август 2009 г. се подигнаа темелите на куќата на семејството на неговиот татко Али Риза ефенди.