Гоце Делчев: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
→Гоце Делчев како тема во уметноста: дополнување |
поврзница |
||
Ред 62:
[[Никола Делчев]], таткото на Гоце, потекнувал од еснафско семејство, а и самиот тој бил еснаф. Неговиот неподвижен имот се состоел од куќа, дуќан, околу шест декари лозја, од кои сам правел вино и ракија, околу осум декари ниви близу до Кукуш. Никола држел крчма на житниот пазар во Кукуш, а на пазарниот ден ([[четврток]]) станувал и гостилничар. [[Никола Делчев]] водел трговија со жито и имал мандра од неколку стотини овци (околу 600-700).
[[Гоце Имов]], пријател на Гоце Делчев, во своите ''Спомени'' <ref>Гоце Имов, Един спомен за Гоце Делчев, Гоцев лист I/1, 1933</ref>, истакнал дека неговиот татко и таткото на Гоце се занимавале со трговија на овци, кои ги купувале напролет и ги продавале есента кај трговци дојдени од [[Цариград]] или [[Анадолија]]. Кога немало трговци на жива стока, неа ја колеле и ја солеле за [[пастрма]], а потоа ја испраќале за [[Драма (град)|Драма]], [[Кавала]], [[Сер]] и [[Солун]]. Во културно-општествениот живот на Кукуш, Никола активно учествувал. Никола бил строг и правичен, оттаму неговиот патријархален однос не создал инфериорни личности од неговите деца. ''Напротив, сите тие израснале во самосвесни и слободољубиви индивидуи'' <ref name="HRISTO">Христо Андонов - Полјански, Гоце Делчев и неговото време, Култура, Скопје, 1978</ref>.
Мајката на Гоце, Султана, била родена околу 1845-1850 година во селото [[Морарци]] (Мурарци), Кукушко. Ова село било едно од најголемите села и заедно со Кукуш стоело на чело на [[Борба против Цариградската патријаршија|борбата против Цариградската патријаршија]]. Во селото бил познат родот на Јанев Нуриџиев, од кој потекнувала мајката на Гоце. За нејзиното потекло не се знае ништо повеќе. Султана била убава и скромна мома. Таа со Никола Делчев имале пет ќерки ([[Руша Делчева|Руша]], Цоца, Тина, Лика и Елена) и четири сина (Гоце, [[Димитар Делчев|Мицо]], [[Милан Делчев|Милан]] и [[Христо Делчев|Христо]]) <ref name="LIKA">Юрукова Лика Чопова, Спомени за семейството на Гоце Делчев, ''Септември'' VI (1953)</ref>. Ѓорѓи (Гоце) Делчев е роден на [[23 јануари]], [[Јулијански календар|стар стил]], односно на [[4 февруари]] по [[Григоријански календар|нов стил]], 1872 година во Кукуш.
|