Тадеуш Ружевич: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
дополнување
Ред 30:
 
==Творештво==
Ружевич ѝ припаѓа на првата генереација полски поети. Почнал да пишува [[поезија]] уште во гимназискиет денови, првите песни се ги објавил во [[1938]] година, продолжил да пишува додека бил [[партизан]], а а неговото официјално деби го претставува збирката „[[Немир (книга на Тадеуш Ружевич)|Немир]]“ од 1947 година.<ref>„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 327.</ref> До неговото драмско деби во [[1960]] година, Ружевич објавил дванаесет високоценети збирки поезија. Оттогаш, тој напишал речиси педесет [[Драмска уметност|драми]]. Оваа ерупција на драматуршка енергија била придружена со привремени навраќања кон [[поезија]]та и кратки излети во светот на [[проза]]та. Ружевич се смета за еден од најголемите повоени полски поети и можеби за најинвентивен полски [[драма]]тург. Негови најпознати драми се: „Картотека“, „Прекинатиот чин“, „Наталитет“, „Гладниот уметник си оди“ и „Бела венчавка“. Неговите дела се преведени на околу 50 јазици во околу 900 странски публикации. Неколкупати бил номиниран за [[Нобелова награда за литература]], а добитник е на повеќе книжевни награди, како: Европската награда за книжевност, Европската награда за поезија КОВ, Наградата „Силесиус“, книжевната награда „[[Владислав Рејмонт (награда)|Владислав Рејмонт]]“, наградата „[[Ника (награда)|Ника]]“, полската државна награда од прв степен и државната награда од втор степен, Големиот крст за препород на Полска, наградата на полскиот ПЕН-клуб „[[Јан Парандовски (награда)|Јан Парандовски]]“, орденот „[[Ecce Homo (орден)|Ecce Homo]]“, златниот медал „Заслужен за културата Gloria Artis“, специјалната награда на „Политика“, „Креатор на културата за 2010“, Златниот венец на [[Струшките вечери на поезијата]] итн.<ref>„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 327-328.</ref>
 
Созреан во борбата против [[нацисти]]чкиот окупатор, целата поезија и поетика на Ружевич произлегува од визијата на [[војна]]та и [[смрт]]та. Во една прилика, тој напишал: „Не можев да разберам дека поезијата постои иако е убиен [[човек]]от. Убиен е оној кој ја доведол [[поезија]]та во живот, договорениот [[јазик]] што треба да го изрази она што не може да се изрази... Со сомнеж гледам на тие остварувања. Ги составив од остатоците на зборовите кои преостанаа, од незаменливите слики, од големото буниште, од големите гробишта. Ми се чинеше дека јас сум првиот човек кој рече „добар ден“, „вода“, „сонцето изгрева“. Создавав поезија за преплашените и ослепените. Учевме да зборуваме од почетокот. Тие и јас.“ Навидум, Ружевич е мрачен поет. Тој не се обидува да поетизира. Нему му е туѓо секое поетизирање, музицирање, сликање. Тој се обидува да ја најде основната нишка на поезијата која, според него, не се наоѓа ниту во [[музика]]та, ниту во [[метафора]]та. На вистинскиот поет таквите елементарни песни му се појавуваат еднаш или двапати во животот. Затоа, тој ја бара вистинската песна и вистинскиот [[збор]]. Токму затоа, во неговите песни многу е важна формата. Впрочем, една негова поетска збирка се вика „[[Форми (Ружевич)|Форми]]“. Ружевич го крши стихот, го отфрла сето она што му делува непотребно и го сака само чистиот, елементарен збор. Се обидува од елементите на зборот да создаде нова целина. Со нивна помош, тој сака да дојде до тишината и до разјаснувањето. Ружевич се смета за класик на [[Полска поезија|полската поезија]] и од него учеле речиси сите помлади полски поети. Тој открил нови изразни можности на полскиот стих, така што дури и оние поети кои не се свесни за неговото влијание, всушност, во голем мера му должат нему.<ref>''Savremena poljska poezija''. Beograd: Nolit, 1964, стр. 169-170.</ref>
 
Поезијата на Ружевич е израз на трагичноста на поединецот, изгубен во светот во кој доминираат масовната смрт и цивилизацискиот униформизам. Како јунак во неговите песни се јавува [[човек]]от кој е загрозен од деградацијата и општиот хаос. Ружевич пее и за обичните [[чувства]] и вредности, како што се: [[љубов]]та кон родителите, добрината, секојдневните предмети итн. Формално, тој е следбеник на [[авангарда]]та. Во неговиот опус преовладуваат песните со слободен [[стих]], чија конструкција критичарите често ја нарекуваат [[кубизам]], зашто според значењето и композицијата, секоја строга претставува посебна [[коцка]]. Неговиот интерес за ликовната уметност го довела и до [[Постмодернизам|постмодернизмот]]. Со примена на постмодернистичкиот метод, тој дошол до неговиот познат пронајдок - буништето, т.е. храбро ги отфрлил вообичаениет изразни средства и настојувал да го уништи поетскито контекст на стихот. На тој начин, тој го создал т.н. ружичевски стил кој [[Јулијан Пшибош]], главниот претставник на [[Краковска авангарда|Краковската авангарда]], го нарекол „турпизам“ или „естетика на грдото“, а токму поради тоа, во 1968 година ги прекинал односите со Ружевич. Меѓутоа, токму благодарение на својот стил Ружевич извршил големо влијание врз многу полски и странски поети.<ref>„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 328.</ref>
 
==Библиграфија==
===Поезија===
Ружевич е автор на поголем број поетски збирки, како:<ref>„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 328.</ref>
* Немир (Niepokój, 1947)
* Црвената ракавица (Czerwona rękawiczka, 1948)
* Пет поеми
* Времето што тече
* Стихови и слики
* Рамнина,
* Сребрен клас (Srebrny kłos, 1955)
* Гласот на анонимот
* Разговори со свештеникот
* Насмевки
* Ништо во Просперовата наметка
* Отворена поема (Poemat otwarty, 1956)
* Собрани песни (Poezje zebrane, 1957, 1960, 1971)
* Лице
* Трето лице
* Et in Arcadia ego
* Паѓање
* На површината од песната и во средината (Na powierzchni poematu i wś rodku, 1983, 1989)
* Рељеф (Płaskorzeźba, 1991)
* Секогаш фрагмент (Zawsze fragment, 1996)
* Секогаш фрагмент, рециклирање (zawsze fragment. recycling, 1998)
* Мајката заминува (Matka odchodzi, 1999)
* Ножето на професорот (Nożik profesora, 2001)
* Сива зона (Szara strefa, 2002)
* Излез (Wyjcśie, 2004)
* Купи мачка во вреќа (Kup kota w worku (work in progress), 2008)
 
===Драми===
Ружевич е автор на следниве драмски дела:<ref>„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 329.</ref>
* Картотека
* На четири нозе
* Смрт во стариот декор
* Шпагети и меч
* Стапица
* Белиот брак
* Расфрлана картотека
 
== Надворешни врски ==