Тадеуш Ружевич: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
Ред 30:
 
==Творештво==
Ружевич ѝ припаѓа на првата генереација полски поети, родени и образовани по полското осамостојување во [[1918]] година. Неговите први младешки песни се објавени во [[1938]] година, а неговото одицијално деби го претставува збирката „[[Немир (книга на Тадеуш Ружевич)|Немир]]“ од 1947 година.<ref>„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 327.</ref> До неговото драмско деби во [[1960]] година, Ружевич објавил дванаесет високоценети збирки поезија. Оттогаш, тој напишаал речиси педесет [[Драмска уметност|драми]]. Оваа ерупција на драматуршка енергија била придружена со привремени навраќања кон [[поезија]]та и кратки излети во светот на [[проза]]та. Ружевич, кој бил номиниран за [[Нобелова награда за литература]], е добитник на ''Златниот венец'' на [[Струшките вечери на поезијата]] и се смета за еден од најдобрите повоени полски поети и можеби за најинвентивен полски [[драма]]тург. Негови најпознати драми се: „Картотека“, „Прекинатиот чин“, „Наталитет“, „Гладниот уметник си оди“ и „Бела венчавка“.
 
Созреан во борбата против [[нацисти]]чкиот окупатор, целата поезија и поетика на Ружевич произлегува од визијата на [[војна]]та и [[смрт]]та. Во една прилика, тој напишал: „Не можев да разберам дека поезијата постои иако е убиен [[човек]]от. Убиен е оној кој ја доведол [[поезија]]та во живот, договорениот [[јазик]] што треба да го изрази она што не може да се изрази... Со сомнеж гледам на тие остварувања. Ги составив од остатоците на зборовите кои преостанаа, од незаменливите слики, од големото буниште, од големите гробишта. Ми се чинеше дека јас сум првиот човек кој рече „добар ден“, „вода“, „сонцето изгрева“. Создавав поезија за преплашените и ослепените. Учевме да зборуваме од почетокот. Тие и јас.“ Навидум, Ружевич е мрачен поет. Тој не се обидува да поетизира. Нему му е туѓо секое поетизирање, музицирање, сликање. Тој се обидува да ја најде основната нишка на поезијата која, според него, не се наоѓа ниту во [[музика]]та, ниту во [[метафора]]та. На вистинскиот поет таквите елементарни песни му се појавуваат еднаш или двапати во животот. Затоа, тој ја бара вистинската песна и вистинскиот [[збор]]. Токму затоа, во неговите песни многу е важна формата. Впрочем, една негова поетска збирка се вика „[[Форми (Ружевич)|Форми]]“. Ружевич го крши стихот, го отфрла сето она што му делува непотребно и го сака само чистиот, елементарен збор. Се обидува од елементите на зборот да создаде нова целина. Со нивна помош, тој сака да дојде до тишината и до разјаснувањето. Ружевич се смета за класик на [[Полска поезија|полската поезија]] и од него учеле речиси сите помлади полски поети. Тој открил нови изразни можности на полскиот стих, така што дури и оние поети кои не се свесни за неговото влијание, всушност, во голем мера му должат нему.<ref>''Savremena poljska poezija''. Beograd: Nolit, 1964, стр. 169-170.</ref>