Обврзница: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Обврзница''' е должничка [[хартија од вредност]], со која се потврдува дека имателот (купувачот, доверителот) му исплатил на должникот (издавачот) определен износ [[пари]], како противвредност на обврзницата и дека должникот ќе му ги исплати на доверителот позајмениот износ, заедно со [[камата]], и тоа, според утврдената [[каматна стапка]] и во договорените рокови.<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 377.</ref> Обврзниците претставуваат дополнителен извор на средства за издавачот. Често, средствата добиени со нивно издавање служат за финансирање посебни програми или објекти чии приходи понатаму се користат за исплата на достасаните обврзници. Обврзниците се многу слични на [[кредит]]от, бидејќи и тие претставуваат форма на задолжување.
Обврзниците претставуваат дополнителен извор на средства за издавачот. Често, средствата добиени со нивно издавање служат за финансирање посебни програми или објекти чии приходи понатаму се користат за исплата на достасаните обврзници. Обврзниците се многу слични на кредитот, бидејќи и тие претставуваат форма на задолжување.
 
== Издавање ==
Ред 25 ⟶ 24:
=== Обврзници според рокот на достасувањето ===
Вообичаено, според преостанатата рочност, обврзниците се делат на следниве видови:
* кусорочни ( рочност до 5 години),
* среднорчни (рочност од 5 до 15 години), и
* долгорочни обврзници (рочност од 15 години или повеќе)
Ред 31 ⟶ 30:
 
=== Обврзници според издавачот ===
Во зависност од тоа, кој се јавува како издавач на обврзниците, тие се делат на два вида:
* државни (government) и
* корпоративни (corporate bonds).
 
Државни обврзници издава државата со цел да прибере средства за финансирање на тековниот дефицит во нејзиниот [[буџет]]. Најголемата светска економска сила, [[САД]] и нејзината влада земаат на заем голем дел од средствата со подажба на државни [[меницa|меници]] и државни обврзници. Достасувањето на државните меници може да биде до 10 години, а на обврзниците од 10 до 30 години. И државните меници и државните обврзници, се издаваат со износи од 1 .000 [[долар]]и или повеќе, со полугодишни камати наречени купонски плаќања. Покрај нивните различни достасувања при издавањето, единствена поголема разлика меѓу нив е тоа што државните обврзници можат да бидат отповикливи во текот на даден период, обично во последните пет години од векот на обврзницата. Според оваа одредба, државата има право да ја откупи обврзницата по номиналната вредност.
 
Корпоративни обврзници се средства со кои приватните фирми позајмуваат пари директно од јавноста. Овие обврзници, според структурата, се слични на државните обврзници, т.е. плаќаат полугодишни купони во текот на нивниот век и му ја враќаат номиналната вредност на имателот на обврзницата на денот на достасувањето. При купување на корпоративните обврзници, инвеститорите особено внимание посветуваат на ризикот за неуспех.
 
Во таа насока, практиката познава:
* обезбедени обврзници, кои имаат посебна гаранција во случај на [[банкрот]]ирање на фирмата,
Ред 93:
''Високо ризични обврзници'' (junk bonds) кои не претставуваат посебен вид обврзница, туку тоа е име за долг со многу низок квалитет. Овие обврзници се неосигурени и можат да бидат подредени на другите должнички обврски на фирмата. Оттука, ваквите обврзници се многу ризични и мора да понудат повисоки камати.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 219.</ref>
 
''Меѓународни обврзници'' се странските обврзници и еврообврзниците (eurobonds). Странските обврзници се издаваат од позајмувачи што потекнуваат од земја што е различна од земјата каде што се продаваат, додека обврзниците се деноминирани во валутата на земјата во која се продаваат. Наспроти нив, [[еврообврзни]]ците се издадени во валутата на една земја, но се продадени на [[пазар]] во друга земја.<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 385.</ref>
 
== Цена на обврзницата ==
Ред 100:
Обврзниците може да се продаваат по:
* номиналната цена, т.е. по вредноста на којашто гласат,
* под номиналната цена и
* над номиналната цена.
 
Ред 109:
* ''Вкупна добивка'' (total return), која се пресметува врз основа на главнината, номиналната каматна стапка и камата на каматата (сложена камата). Претпоставка за оваа добивка е реинвестирање на каматата со што инвеститорите ќе заработат камата на каматата, која значително ќе ја зголеми нивната добивка.<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 389.</ref>
 
Во одредени случаи, кога [[инфлација]]та е близу до нула или негативна, обврзниците може да носат дури и негативна [[каматна стапка]]. На пример, во [[јуни]] [[2016]] година, [[Германија]] за првпат во својата историја издала десетгодишна државна обврзница со негативна каматна стапка, а претходно таков преседан се случил уште со државните обврзници на [[Јапонија]] и на [[Швајцарија]].<ref>„Германија почна да наплаќа кога позајмува пари“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 72.</ref>
 
==Наводи==
Ред 117:
[[Категорија:Финансии]]
[[Категорија:Хартии од вредност]]
[[Категорија:Финансиски пазарпазари]]