Кичевско-поречки дијалект: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 3:
 
== Територија и граници ==
Дијалектот се зборува на територијата на областа [[Кичевија]], односно во градот [[Кичево]] со околните рамничарски села, планинските села во подножјето на [[Бистра (планина)|Бистра]] и [[Буковиќ (планина)|Буковиќ]], кои го претставуваат дијалектното тромеѓе со [[Горнополошки дијалект|горнополошкиот]] и [[Галички дијалект|галичкиот говор]], потоа во селата по долината на [[Треска]] и нејзините притоки, од изворишниот дел во областа [[Копачка (област)|Копачка]], по целото течение во [[Порече]], сè до последното поречко село [[Здуње (Порече)|Здуње]], каде што на север допира до [[Тетовски дијалект|тетовскиот]] и скопскиот каршијачки говор на североисток. Источно преку планините [[Даутица]] и [[Караџица]] избива на областа [[Азот (област)|Азот]], во [[Велешко]], додека југозападно завршува на [[Пресека (превој)|Пресека]], каде што преку [[Дебарца]] граничи со охридско-струшките говори, а југоисточно некаде на границата помеѓу Копачка и [[Железник]], од каде што продолжуваат [[Прилепско-битолски дијалект|прилепско-битолските говори]]. Овој дијалект е застапен во две градски населби, во [[Кичево]] и гратчето [[Македонски Брод]], како и во повеќе од 100-тина села кои се наоѓаат на оваа територија.
 
== Говорни целини ==