Северномакедонско наречје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
== Граници ==
На југ тие граничат со кочанскиот, штипскиот и велешкиот говор. Граничната линиjа во наjгруби црти оди (по правецот исток - запад) по вододелницата меѓу [[Брегалница]] и [[Злетовска Река]], ја сече последнава jужно од [[Злетово]] и излегува на селото [[Судиќ]]. Ова е истовремено и границата мегу кочанскиот и кратовскиот говор. Меѓу штипскиот и овчеполскиот говор, границата оди по линиjата [[Судиќ]] - [[Врсаково]] - [[Богословец]]. Овие се најјужни села каде што доминираат црти од овчеполскиот говор. Од [[Богословец]] границата оди кон северозапад по правецот на селата [[Кнежје|Кнежjе]] - [[Трстеник (Светиниколско)|Трстеник]] - [[Џидимирци (Велешко)|Џидимирци]], кои се наоѓаат западно од [[Свети Николе]], а спрема скопската говорна област по правецот [[Џидимирци (Велешко)|Џидимирци]] - [[Дивље]] - [[Горно Коњари]] - [[Миладиновци]] (Аџалари) - [[Бујковци|Буjковци]]. Во последниве две села готово подеднакво се употребуваат кумановски и скопски црти. Спрема Скопската [[Скопска Црна Гора|Црногориjа]] граничната линиjа поминува северно од [[Скопје|Скопjе]]. Во селата [[Стајковци|Стаjковци]], [[Црешево]], [[Горно Оризари (Скопско)|Горно Оризари]], [[Волково]] и [[Кучково]], кои се наоѓаат сите на една линиjа, преовдадуваат црти од црногорскиот говор, негде повеќе, како на пример во [[Кучково]] и [[Горно Оризари (Скопско)|Горно Оризари]], негде помалку. Областа меѓу [[Вардар]] до неговиот завоj северозападно од [[Радуша]] и [[Лепенец]] населена е еосо албански елемент. На север овие говори граничат со српската jазична териториjа. Jазичната граница оди приближно по линиjата [[Шар Планина|Шар]] - jужно од [[Качаник]] - [[Скопска Црна Гора]] - [[Козјак (Козјачија)|Козjак]] - Широка Планина - вододелницата меѓу [[Крива Река]] и Горна Пчиња - бугарската граница. Последни македонски населби спрема прешевската област се: [[Думановце]], единствено македонско село меѓу албанските населби во кумановскиот дел на Црногориjата, [[Табановце]], [[Алгуња]], [[Пелинце]], јужно од манастирот [[Прохор Пчињски|Прохор Пчински]], а спрема Горна Пчиња: [[Буковљане]], [[Длабочица (Кумановско)|Длабочица]], на кумановскиот дел и [[Герман (Кривопаланечко)|Герман]], [[Нерав]], [[Огут]], [[Подржи Коњ]], [[Луке]] на кривопаланечкиот. Источната граница на северните говори оди по државната граница меѓу [[Македонија|Македониjа]] и [[Бугарија|Бугариjа]]. Сите овие говори во својата основа претставуваат еден посебен диjалектен тип. Од другите наши диjалекти со кои граничат на југ се разликуваат со ред и фонетски, морфолошки и синтаксички особености. Но исто така тие се разликуваат и од призренските и jужноморавските српски диjалекти со кои граничат на север и со коишто имаат повеке органски врски.<ref>Дијалектите на македонскиот јазик, Божидар Видоески, том 2, стр.159</ref>
 
== Дијалектни карактеристики ==