Салаковски Езера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 13:
Езерата се сместени на надморска височина од 2.178 метри во еден заеднички цирк, кој е создаден за време на плеистоцената глацијација. Имено цирк претставува широка вдлабнатина во форма на амфитеатар, кој настанува со делување на процесот на глацијација односно со делување на глечерските маси, кои движејќи се го продлабочуваат теренот. Во овој случај циркот е настанат со движењето на Салаковскиот ледник. Овој цирк е обиколен со билото Горни Пепељак од северозапад, Убава од југ и Салаковска Планина од исток. Во минатото Салаковскиот цирк бил исполнет со вода од едно глацијално езеро, но бидејќи истеката на ова езеро лежи врз ерозивни моренски мтеријали, таа постепено се всекува и езерото ја губи водата. Денес се останати само најдлабоките делови од тоа некогашно езеро (Големото и Малото Салаковско Езеро). До Салаковските Езера може да се дојде од повеќе населени места: [[Црн Врв]] од север, [[Алдинци]] ([[Планинарски дом „Караџица“|пл. дом Караџица]]) од североисток, [[Тажево]] и [[Белица (Македонски Брод)|Белица]] ([[Порече]]) од југозапад и [[Патишка Река]] од северозапад.
 
Големото Салаковско Езеро зафаќа површина од 1340 m<sup>2</sup>, додека Малото Салаковско Езеро зафаќа површина од 850 m<sup>2</sup><ref name="Стојмилов">{{Наведено списание|last=Стојмилов|first=Александар|date=1998|title=Глацијални езера на Јакупица (Мокра Планина)|url=|journal=Географски разгледи|volume=32-33|pages=11-14}}</ref>. Најголемата длабочина на големото езеро изнесува 2,35 метри, додека Малото езеро има најголема длабочина од 2,5 метри<ref name="Стојмилов" />.
 
За местоположбата, одликите и преданијата за Салаковските Езера кон крајот на XIX век пишувал и македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]], кој во својата книга „[[Материјали по изучувањето на Македонија]]“ запишал дека на скопските планини има две мали, но длабоки езера, коишто се наоѓаат едно до друго на планината [[Црн Врв]]. Со заедничко име ги викаат „езерината“, едното „големо“, а другото „мало“ езеро. Малото зафаќа место колку едно гумно, а големото е два пати поголемо од него.<ref name="Ѓорче Петров" /> Бреговите и на двете езера се образувани од високи карпи, коишто им придаваат изглед на вдлабнатини.<ref name="Ѓорче Петров" /> Кога има ветер, бучењето на водата се слуша подалеку, од што може да се претпостави дека стените (на дното) на езерата под водата се, исто така, карпести.<ref name="Ѓорче Петров" /> Некогаш тие езера биле без истек.<ref name="Ѓорче Петров" /> Тој исто така, веројатно помешувајќи ја со [[Салаковска Река]], погрешно наведува дека од големото езеро потекува [[Патишка Река]], којашто над Ибраимица се соединува со Сува Река.