Ана Франк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
анелис
Мала промена.Вака е полесно за читање.(duh)
Ознаки: Испразнување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
 
'''Анелис Мари „Ана“ Франк''' ([[12 јуни]] [[1929]] - почетокот на [[март]] [[1945]]) била германско девојче од еврејско семејство од градот [[Франкфурт]] којашто стекнала светска слава стекнала благодарение на своите дневници во кои ја опишала германската окупација на [[Холандија]] за време на [[Втората светска војна]].
 
Ана со своето семејство се преселила во [[Амстердам]] во [[1933]] година, откако [[нацизам|нацистите]] дошле на власт во [[Нацистичка Германија|Нацистичка]] и се стремеле за окупација на Холандија која започнала во [[1940]]. Откако убивањето на Евреите почнало да се зголемува од ден на ден, [[Ото Франк]], таткото на Ана Франк во [[јули]] [[1942]] со семејството се криел во собите од неговата работна зграда. По две години групата којашто ја сочинувале и тие била пронајдена и испратена во [[Концентрационен логор|концентрационите логори]]. Седум месеци по нејзиното апсење, Ана починала од тифус во концентрациониот логор [[Берген - Белзен]] во деновите кога умрела и нејзината сестра [[Маргот Франк]]. Нејзиниот татко Ото останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени во [[1947]] година. Дневниците во својот оригинал се објавени на [[холандски јазик]].
 
Дневникот којшто и бил даден на 13. роденден претставува [[хронологија]] на настаните од тој ден, па се до [[1 август]] [[1944]] година. Дневникот е преведен на многу јазици, а станал и многу популарен меѓу читателите. Стилот на којшто е напишан е добар, а темата на дневникот претставувала инспирација за повеќе филмови. Со својата слава, Ана Франк станала една од најчесто споменуваните личности од жртвите на [[Холокауст]]от.
 
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Жртви на холокаустот]]