Исхрана: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени (од 79.126.225.153) и ја поврати преработката 3640966 на Ehrlich91 |
|||
Ред 101:
Како и горенаведените минерали, некои витамини се признаени како неопходни хранливи материи потребни за добро здравје (исклучок е витаминот Д: во присуство на УВБ радијација може да се синтетизира во кожата). Некои соединенија слични на витамини кои се препорачуваат во исхраната како што е карнитинот, се сметаат дека се корисни за опстанок и здравје, но овие не се неопходни хранливи материи во исхраната бидејќи човечкото тело има капацитет да ги произведува од други соединенија. Освен тоа, неодамна во исхраната беа откриени илјадници други фитохемикалии (особено во свеж зеленчук), кои може да содржат пожелни својства вклучувајќи антиоксидантна активност (види подолу); Сепак, експерименталните демонстрации се покажуваат како сугестивни, но недоволни. Други неопходни хранливи материи кои не се класифицираат како витамини вклучуваат неопходни амино киселини (види погоре), холин, неопходни масни киселини (види погоре) и минералите расправани во претходниот дел.
Недостаток на витамини може да резултира со болести вклучувајќи гушавост, скробут, остеопороза, оштетен имунолошки систем, нарушување на клеточниот метаболизам, некои видови на рак, симптоми на прерано стареење и слаба психичка здравствена состојба (вклучувајќи нарушувања во исхраната) меѓу многу други. Превисокото ниво на некои витамини исто така е опасно по здравјето (особено витаминот А) и барем за еден витамин, витаминот Б6, токсичноста започнува на ниво недалеку од потребната количина. Недостаток или вишок од некои минерали исто така може да доведат до сериозни последици во здравјето.
=== Вода ===
Ред 107:
Водата се излачува од телото во неколку форми вклучувајќи ја урината и изметот, потењето и преку водна пареа во издишаниот здив. Според тоа потребна е соодветна повторна хидратација за да се заменат изгубените течности.
Последните препораки во врска со количината на вода потребна за одржување на добро здравје посочуваат дека за одржување на правилна хидратација дневно се потребни 6-8 чаши вода. Сепак, не постои одреден веродостоен научен извор во врска со сфаќањето дека
Панелот на ЕУБХ исто така, одреди дози за ралични популации. Препорачаната количина на внесување течности кај постарата популација е иста како и за возрасните. И покрај пониската консумација на енегрија, потребата од вода во оваа група на луѓе е зголемена поради намалениот капацитет на бибрезите. На бремените жени и доилките потребни им се додатни течности за да останат хидратирани. Панелот на ЕУБХ предлага дека бремените жени треба да консумираат иста количина на вода како и жените кои не се бремени, како и зголемен внес пропорционално на зголемениот внес на енегрија, кој треба да изнесува 300 мл/ден. За да надоместат за зголеменото исфрлање на течности, на доилките им се потребни додатни 70мл/ден над препорачаната доза за жените кои не лактираат.
|