Разлика помеѓу преработките на „Јуриспруденција“

нема опис на уредувањето
с (Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф))
 
'''Јуриспруденција''' е [[наука]] и [[филозофија]] на [[право]]то.
 
Развојот на правната наука во [[Рим]] започнува со [[Тибериј Корунканиј]]. По него дејствуваат многу учени правници кои се занимавале со практична работа или сопрактичнасо практична работа и со наука.
 
Римските правници - јуриспруденти пишувале дела во кои биле содржани правни максими, правни поими кои биле прецизно изложени (regulea, definitiones), како и подробно обработени практични или апстрактни правни случаи (responsa, epistolae). Правниците пишувале и [[Монографија|монографии]] во кои ги обработувале правните прописи содржани во одделни извори на правото, како и коментари на правните правила во состав на jus honorarium, коментари на преторовиот [[указ]] (libri ad edictum), како и книги од енциклопедиски карактер (digesta или pandektae). Правниците пишувале и учебници кои имале педагошки цели, да ги едуцираат младите студенти по право (institutiones или enshiridia).
 
Римските правници го избегнувале дефинирањето на правните поими и правните институти. Тие сметале дека „секое дефинирање во граѓанското право е опасно, бидејќи е ретка дефиницијата што не може да се оборисобори.“
Делата на римските правници се вистинска ризница од анализираните случаи (casus – и). Правниците ги создале своите дела преку суптилна анализа на уочените проблеми, преку утврдувањето на терминологијата и давање образложени заклучоци. Не е спорно дека делата на римските правници се најскапоцената правна оставина на [[Рим]].
 
{{Право-никулец}}
 
{{Нормативна контрола}}
5.998

уредувања