Истражител (роман): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
→‎Содржина: дополнување
Ред 3:
==Содржина==
* ''Прв дел'': Авторот се сеќава на својата [[мајка]], Виолета, поранешна [[учител]]ка, педантна и вредна [[жена]], постојано загрижена за судбината на светот, која го поминала целиот живот во грч, а децата ги држела цврсто под контрола. Таа многу сакала да патува и имала обичај да ги запишува имињата на [[хотел]]ите во кои престојувала. По [[Втората светска војна]], таа за првпат ја посетила [[Истра]], а во 1958 година се доселила со [[семејство]]то во [[Пула]]. Нејзиниот сопруг бил морнар и ретко бил присутен дома, така што Виолета го имала главниот збор во семејството. Во 1991 година, откако избувнала [[Војната во поранешната СФРЈ|војната]] во [[СФРЈ]], семејството се преселило во [[Белград]]. По некое време, нејзиниот сопруг починал, а таа заболела од [[деменција]] и завршила во дом за старци. Виолета починала во 2000 година, кога нејзиниот син престојувал во [[Будимпешта]]. Речиси две децении подоцна, синот ги посетува местата во кои го поминал детството или за кои слушал во детските денови. Најпрвин, тој заминува во [[Солун]], во обид да го осети духот на времето пред [[Првата светска војна]], кога таму живеела сосетката Лизета. Потоа, во 2012 година ја посетува [[Пула]], обидувајќи се да го реконструира своето и минатото на мајка му.<ref>Dragan Velikić, ''Islednik'', peto izdanje. Beograd: Laguna, 2016, стр. 9-171.</ref>
* ''Втор дел'': По објавувањето на [[роман]]от во едно локално списание, авторот влегува во судир со сестра му, која е револтирана поради објавувањето на деталите од семејниот живот. Четири месеци по првата посета на Пула, тој повторно се враќа во градот. Исполнувајќи го ветувањето дадено на мајка му, тој почнува да пишува роман за нејзината пријателка Лизета: Таа била родена во [[Солун]], каде татко ѝ бил сопственик на [[хотел]] кој изгорел во големиот [[пожар]] при крајот на [[Првата светска војна]]. Отккао ги загубила родителите, Лизета најпрвин живеела во интернат во [[Виена]], а потоа кај роднините во [[Трст]]. Во 1923 година заминаласе навратила пат конво Солун, кој бил целосно изменет во споредба со времето од нејзиното детство, така што повторно се вратила во Трст.<ref>Dragan Velikić, ''Islednik'', peto izdanje. Beograd: Laguna, 2016, стр. 173-258.</ref>
 
==Осврт кон делото==