Истражител (роман): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: ситна поправка
Ред 2:
 
==Содржина==
* ''Прв дел'': Авторот се сеќава на својата [[мајка]], Виолета, поранешна [[учител]]ка, педантна и вредна [[жена]], постојано загрижена за судбината на светот. Целиот живот го поминала во грч, а децата ги држела цврсто под контрола. Таа многу сакала да патува и имала обичај да ги запишува имињата на [[хотел]]ите во кои престојувала. По [[Втората светска војна]], таа за првпат ја посетила [[Истра]], а во 1958 година се доселила со [[семејство]]то во [[Пула]]. Нејзиниот сопруг бил морнар и ретко бил присутен дома, така што Виолета го имала главниот збор во семејството. Во 1991 година, откако избувнала [[Војната во поранешната СФРЈ|војната]] во [[СФРЈ]], семејството се преселило во [[Белград]]. По некое време, нејзиниот сопруг починал, а таа заболела од [[деменција]] и завршила во дом за старци. Виолета починала во 2000 година, кога нејзиниот син престојувал во [[Будимпешта]]. Речиси две децении подоцна, синот започнал да ги посетува местата во кои го поминал детството или за кои слушал во детските денови. Најпрвин, тој бил во [[Солун]], во обид да го осети духот на времето пред [[Првата светска војна]], кога таму живеела сосетката Лизета. Потоа, тојво 2012 година ја посетил [[Пула]], обидувајќи се да го реконструира своето и минатото на мајка му.<ref>Dragan Velikić, ''Islednik'', peto izdanje. Beograd: Laguna, 2016, стр. 9-171.</ref>
* ''Втор дел'':