Горенци (Охридско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 157:
=== Родови ===
 
Горенци е мешано македонско православно и албанско муслиманско село. Селото е настанато во почетокот на XIX век.<ref>{{Наведена книга|url=http://worldcat.org/oclc/27418468|title=Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања|last=Ф.|first=Трифуноски, Јован|date=1992|publisher=Srpska akademija nauka i umetnosti|isbn=8670251582|oclc=27418468}}</ref>
 
 
Според истражувањата на [[Бранислав Русиќ]] од крајот на 1940тите, родови во селото биле:
 
'''Македонски'''
 
* '''Староседелци:''' ''Секуловци или Скоклевци (4 к.) и Даскаловци (1 к.)''
* '''Доселеници:''' ''Ситниковци (12 к.)'' они се многу стари доселеници во селото. И не знаат од каде точно дошол основачот на родот; ''Ѓоковци или Тодоровци (6 к.)'' доселени се одамна однекаде; ''Чолевци или Наумовци (5 к.)'' биле на чифлиците во [[Мислешево]], [[Оровник]], [[Требеништа]]. Некои и во [[Романија]]. Мислат дека потекнуваат од селото [[Куратица]]; ''Брмбовци со Наумовци и Николовци (3 к.)'' доселени се од [[Дебарца]]. Незнаат точно дали се од [[Белчишта]] или [[Велмеј]]; ''Колмановци (1 к.)'' основачот на родот се доселил однекаде. Али по машка линија овој род е изумрен. Па него го продолжил домазет доселен од селото [[Косел]]; ''Лабовци (1 к.)'' доселени се од селото [[Мешеишта]]; ''Мацковци или Илчевци (3 к.)'' доселени се од селото [[Волино]]; ''Ивановци (2 к.)'' исто така од [[Волино]].
 
'''Албански'''
 
* '''Стари:''' ''Куртовци (3 к.), Тајревци или Јајовци (4 к.), Тајровци (1 к.), Асановци и Суловци (3 к.), Мустафовци (2 к.) и Лутишовци (1 к.)'' за овие родови се збори, а посебно за ''Куртовци и Тајровци/Јајовци'' дека во минатото го говореле само македонскиот јазик. Али почнале да склучуваат брачни врски со албанците од струшките села, па брзо го заборавиле јазикот. Во родот ''Куртовци'' живееле браќата Рамадан и Бајрам кои помеѓу себе говореле на македонски јазик.
* '''Доселеници:''' ''Исовци (7 к.)'' доселени се од селото [[Мислодежда]]; ''Салиовци (6 к.)'' доселени се од селото [[Поум]]; ''Аџиовци (2 к.)'' исто така од [[Поум]]; ''Бургазовци (4 к.)'' одамна се овде. Незнаат точно дали се доселени од [[Бургас]] во [[Бугарија]]. Или името го добиле затоа што оделе на печалба во [[Бургас]]; ''Ајдаровци (1 к.) и Хоџа Бејто Муарем (1 к.)'' доселени се од селото [[Песочани]]; ''Мино (1 к.)'' он е [[Роми|Ром]] ковач. Во Горенци дошол од [[Лактиње]]. Подалечното потекло непознато.<ref>{{Наведена книга|title=|last=|first=|publisher=|others=Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 88/1. „ Струшко Поле “Волино|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>
 
 
 
Според истражувањата од 1977 година, родови во селото:
 
Македонски родови се: ''Ситниковци'' (8 к.), најстар род во селото; ''Ивановци'' (2 к.) по старост се втори во селото, доселени се од селото [[Волино]]; ''Петревци'' (1 к.) трет најстар род во селото; Чолевци (11к.) доселени се од селото [[Куратица]] во овој род се знае следната генеологија Лазо (жив на 42 год. во 1980 година) Ристо-Косто понатамошните претци не ги знаат; ''Николовци'' (3 к.) и ''Андреевци'' (2 к.) доселени се од дебрчкото село [[Велмеј]]; ''Скокљевци'' (9 к.), ''Мицковци'' (3 к.), ''Климовци'' (6 к.), ''Тодоровци'' (5 к.), ''Блажевци'' (2 к.), ''Стојчевци'' (2 к.) и ''Крстановци'' (2 к.) се со непознато место на старина; ''Петревци'' (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото [[Косел|Косељ]].
 
Албански родови се: ''Таировци'' (7 к.); ''Бајрамовци'' (3 к.); ''Бељуљовци'' (2 к.) и ''Мустафовци'' (1 к.), четирите најстари албански родови во селото, само во родот Бељуљовци порано домашен јазик бил турскиот; ''Биба'' (10 к.) доселени се од селото [[Поум]], таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло од селото Бибај во околината на [[Пешкопеја]] ја знаат следната генеологија Илмија (жив на 70 год. во 1980 година) Демир-Асан во селото Горенци се доселил споменатиот Демир; ''Дервишовци'' (3 к.) името го добиле по предокот Дервиш, овде се доселени од наведениот Поум, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло им е од околината на [[Скадар]], од Скадар отишле најпрво во областа [[Мат]], па од таму во Поум, ја знаат следната генеологија Велија (жив на 86 год. во 1980 година) Амет-Љатим-Бајрам-Амет-Дервиш во селото Горенци дошол Љатив, додека Бајрам дошол во Поум; ''Исе'' (7 к.) доселени се од селото [[Мислодежда]], подалечно потекло од околината на Пешкопеја и Бургад (6 к.) доселени се од охридското село [[Велестово]], потекнуваат од Торбеш, порано куќниот јазик во овој род бил македонскиот, името на родот настанал по предокот Бајрам кој одел на „гурбет“ во [[Бургас]].<ref>{{Наведена книга|url=http://worldcat.org/oclc/27418468|title=Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања|last=Трифуноски, Јован Ф.|date=1992|publisher=Srpska akademija nauka i umetnosti|isbn=86-7025-158-2|oclc=27418468}}</ref>
 
== Општествени институции ==