Маријанс Пахарс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 67:
 
Неговите проблеми со повреди продолжиле и во Анортозис и како резултат на тоа, во јануари 2008 година, тој бил ослободен од договорот.
 
===Враќање во Латвија===
По 10 години играње во странство, Пахарс се вратил во Латвија во 2008 година приклучувајќи му се на неговиот поранешен клуб [[ФК Сконто|Сконто]]. Тој одиграл една сезона таму помагајќи му на клубот да постигне добри резултати во националниот шампионат. По завршувањето на сезоната, тој го напуштил Сконто и се приклучил на екипата на [[ФК Даугава 2003|Јурмала]] завршувајќи ја својата кариера таму со два настапи во првенството.
 
==Репрезентативна кариера==
Своето деби за [[Фудбалска репрезентација на Латвија|латвиската репрезентација]] Пахарс го направил на почетокот на 1996 година, поточно на 12 март 1996 година во поразот со 1-0 од [[Фудбалска репрезентација на Кипар|Кипар]] во пријателски натпревар. Неговиот прв погодок за својата земја го постигнал во својот деветти натпревар на домашен терен против [[Фудбалска репрезентација на Полска|Полска]] во поразот со 2-3 во уште една пријателска на 17 февруари 1997 година.
 
Во периодот од 1998 до 2001 година, Пахарс три пати бил избран за [[Латвиски фудбалер на годината]]. За време на периодите на повреди, тој сепак успеал да ги одигра завршните минути од реванш натпреварот од баражот за [[Европско првенство во фудбал 2004|Европското првенство 2004]] на кое Латвија успеала да се пласира благодарение на ремито 2-2 против [[Фудбалска репрезентација на Турција|Турција]] на 19 ноември 2003 година. Иако со толку многу проблеми со повреди во текот на сезоната, тој сепак успеал да биде спремен за [[Европско првенство во фудбал 2004|Европското првенство 2004]] и започнал како замена во сите три натпревари на Латвија од групната фаза. Меѓутоа, тој сепак успеал да го почуствува вкусот на првенството влегувајќи од клупата за резерви во сите три натпревари.
 
== Наводи ==