Свети Трифун: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
Дознавајќи за необичната моќ на фригиското момче Трифун, царот го повикал да ја спаси неговата ќерка. Царските слуги, по долго барање во [[Фригија]], го нашле момчето покрај езеро како чува [[Гусковидни|гуски]]. Затоа, тој често на [[Икона|иконите]] се слика опкружен со гуски. Тогаш, тие го повеле во [[Рим]] и тој веднаш ја излекувал. По излекувањето настапила неописива радост во дворот. Царот богато го наградил Свети Трифун, но тој не го задржал добиеното богатство, туку веднаш го разделил на [[Сиромаштија|сиромашните]], и самиот живеел скромно во своето родно место. Но, по [[смрт]]та на [[цар]]от [[Гордијан]], кој бил трпелив спрема [[христијани]]те, во [[249]] година на власт дошол крволочниот цар [[Дециј Трајан]], кој наредил да се прогонуваат христијаните. Сите оние кои не сакале да се одречат, ги фаќале, ги мачеле и убивале.<ref>„Охридски пролог“, стр. 44.</ref>
<br />
Светиот маченик не сакал да бега во [[пустина]]та и пошол кај управникот на покраината Акилин. Тој му наредил да им се поклони на [[бог]]овите, во спротивно ќе биде подложен на најстрашни маки. Свети Трифун ја одбил неговата наредба и бил одведен во [[Никеја]], по што следувало неговото мачење. Кога виделе дека ни мачењата не помагаат, решиле да го посечат со меч. Но, мачителот претходно наредил да го врзат за еден [[коњ]] и така вржан бос да го поведат во [[планина]]та. Од силниот [[мраз]] и студ почнале да нуму отпаѓаат меса и [[прсти]]те од [[нозе]]те, но тој тоа го трпел без збор и, наместо протест, од усните на овој маченик се слушнала молитвата за гонителите: „Господи не им го пишувај ова за грев“. Најпосле, на денот кога требало да биде погубен, св. Трифун ја предал [[душа]]та пред џелатот да го стави мечот на неговиот [[Врат|врат]]. Тоа се случило на [[14 февруари]] [[250]] година.<ref>„Заштитникот на лозарите ја најавува пролетта“, ''Дневник'', година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 24.</ref> Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во [[Москва]], во храмот посветен на Светиот маченик Трифун.<ref>„Охридски пролог“, стр. 44.</ref><br />
<br />
 
==Култот на св. Трифун==
Православната црква го слави св. Трифун како поим за младост и доследност кон христијанските традиции. На иконите, тој е претставен или со сорче за режење лозје или со наметка како чувар на гуски. [[Православна црква|Православната црква]] неговиот ден го чествува на [[1 февруари]] според [[Јулијански календар|јулијанскиот календар]], т.е. на [[14 февруари]], според [[Грегоријански календар|грегоријанскиот календар]] како ден на лозарите и градинарите, а тој се смета и како покровител на меанџиите. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од [[Зима|зимските]] и за прв од [[пролет]]ните празници.

Во некои краишта на [[Македонија]], како [[Охрид]] и [[Прилеп]], овој празник е познат и како Св. Трипун-[[Алкохолизам|пијаницата]]. Во повеќето краишта на Македонија, на денот на св. Трифун рано наутро се одело в црква кадешто попот пеел молитва и светел вода. Луѓето зд оваа вода, за која се смета дека е ослободена од [[Демон|демоните]] и има лековита моќ, а потоа со неа ги прскале лозјата. Во Тиквеш, рано наутро, лозарите оделе во лозјето, каде закројувале неколку лози кои ги полевале со [[вино]], а потоа ги благословувале со зборовите: „Господе, ти давам едно шише со вино за илјада да ни подариш.“ Во Ваташа, пак, лозарите се тркалале низ лозјето за така да се тркалаат и бочвите со вино. Во ова село било обичај, по закројувањето на лозјето, попот да забоде запалена гламја во дворот на [[Црква (објект)|црквата]], со цел да се забрза заминувањето на [[зима]]та.<ref>„Заштитникот на лозарите ја најавува пролетта“, ''Дневник'', година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 24.</ref>
 
== Наводи ==