Кадиица: Разлика помеѓу преработките

врв на планината Влаина
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија Планина | name = Кадиица | native_name = Огреяк | native_name_lang = bg | photo = Kadiitsa IMG 9979.jpg | pho...
(нема разлика)

Преработка од 11:00, 14 февруари 2020

Кадиица (бугарски: Огреяк, порано: Кадийца[1], Кадиица) — највисок врв на планината Влаина. Висок е 1.924 м и лежи на самата македонско-бугарска граница кон Пиринска Македонија. Сместен е во најјужниот дел на главното планинско било, јужно од врвот Делибов Камен. На југоисток преку преку седлото наречено Седлото (Четало) се поврзува со првенецот на Малешевските Планини — Џами Тепе (Иљов Врв).

Кадиица
Огреяк
Кадиица гледан од соседниот врв Џами Тепе
Највисока точка
Надм. вис.1.924 м
Координати41°46′09″N 23°00′30″E / 41.7691° СГШ; 23.0083° ИГД / 41.7691; 23.0083
Географија
Кадиица на карта

Карта

МестоР. Македонија, Пиринска Македонија
Матичен венецВлаина

Врвот има остри падини и силно доминира над околните зарамнети била. Северните и западните падини се налегнати, а југозападните и југоисточните се изразено стрмни.

Изграден е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава планинско-шумска. До 1600 м.н.в. е покриен со букови шуми, а високите делови се обраснати со подалпска тревна растителност.

Главни пристапни места за искачување на врвот се селата Сушица и Брестово во Општина Симитли. Искачувњето се одвива по некои од пограничните земјени патишта и без патека со дозвола од граничната полиција.

По билото, во правец север-југ минува државната граница, делејќи го Пехчевско во Р. Македонија од Горноџумајско во Пиринска Македонија. На највисоката точка стои граничната пирамида со број 55. Во непосредна близина, на 120 м источно, на малку пониско возвишение е поставен знак за триангулација. Висината на врвот е измерена според овој знак, а не во највисоката точка на пирамидата 55.

Бугарско име

До 1942 г. врвот го носел истото име како на македонски (Кадийца), под кое е и денес е познат меѓу месното население. Како таков се води и во официјалните топографски карти во Бугарија. Во периодот од 1942 до 1946 г. е преименуван во Огрејак (Огреяк), а од 1946 до 1989 г. името му е вратено на Кадиица. По 1989 г. повторно е преименуван во Огрејак, каков што стои до денес.

Поврзано

  • Буковик — недалечен врв, вулканска купа

Извори

  • Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 76 – 77

Наводи

  1. Научноинформационен център „Българска енциклопедия“ (2015). Промени в наименованията на физикогеографските обекти в България 1878 – 2014 г. София: Книгоиздателска къща „Труд“. стр. 156. ISBN 978-954-398-401-5.

Надворешни врски