Разлика помеѓу преработките на „Зигмунд Фројд“

Одземени 19 бајти ,  пред 1 година
нема опис на уредувањето
== Живот ==
 
Фројд е роден на 6 мај 1856 година од Галско – Еврејски родители во моравскиот град [[Пшибор]], Австриска област, којашто сега е дел од Република Чешка. Татко му, Џејкоб, 41г., трговец со волна, има две деца од претходниот брак. Мајка му, Амалиа (родено име Натансон ), третата жена на Џејкоб, има 21г. Фројд е првото од нивните осум деца и поради неговото прерано созревање, тие го сакаат повеќе од неговите браќа и сестри уште од неговото рано детство. И покрај нивната сиромаштија, тие жртвуваат се што имаат за да му овозможат соодветно образование. Како последица на економската криза од 1857г., татко му останува без работа и семејството се преселува во Лајпциг пред да се преселат во Виена. Во 1865г., Сигмунд се запишува во ''Леополдстäдтер Коммунал-Реалгѕмнасиум'', истакнато средно училиште. Фројд е еден извонреден ученик така што дипломира со почести во 1873г. По намерата да студира право, Фројд се запишува на медицинскиот факултет на Универзитетот во Виена да студира кај дарвинистичкиот професор Карл Клаус. Во тоа време, историјата за животот на јагулите е сѐ уште непозната. За испитување на нивните машки полови органи, Фројд поминува четири недели во Австриската зоолошка станица за испитување во Трст, секцирајки стотици јагули без да открие повеќе од неговите претходници.
 
== Медицинско училиште ==
Анонимен корисник