Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
с Отповикани уредувањата на Kiril Simeonovski (разговор), враќајќи на последната преработка на MacedonianBoy
Ознака: Отповикување
Ред 118:
:Во врска со техничкиот дел, погоре пишав дека е направена грешка и со оваа дискусија веќе тоа е надминато. Освен тоа, овој процес досега немал отворена дискусија и затоа логично е некој друг кој ја забележал промената да го отвори како прашање на селската чешма. Никола, ти многу добро се сеќаваш дека во минатото именските простори „Датотека“ и „Специјални“ беа преименувани во „Податотека“ и „Службени“ соодветно без да има јавна расправа, а Бојан секојдневно во употреба воведува зборови преку преведувачкото вики (пр. „налгеден“, „истозначник“ итн.). Веќе ако прашањето се однесува на тоа дали во иднина треба да има јавна дискусија, јас би рекол дека е пожелно да ја има само за преименување на именски простори, а за секојдневните преводи на додатоците нема потреба затоа што ќе треба по цели денови само за тоа да разговараме и работата на Бојан ќе биде во застој (освен ако некој не отвори самостојно дискусија како што е случајот со „јавка“). Бојан е навистина премногу активен таму, така што на цела заедница би ни било тешко да го следиме. Нормално, тоа е позитивно. :)--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 11:56, 10 февруари 2020 (CET)
::Сериозно го сметаш ова за аргумент? Демек ќе имал застој? (хехех) Тука не сме на норма како во некоја текстилна фабрика, тука сме заедно да ја подобруваме Википедија и нејзините проекти. Еден од принципите на Википедија, многу добро и ти знаеш, е да се има консензус и дискусија за позначајни промени. Ова е позначајно. И не гледам апсолутно никаков проблем да се продискутира. Сите сме волонтери и колку успееме да придонесеме ,толку. Очигледни интернационализми не се спорни, секако треба да се менуваат. И BTW знаеме сите колку Бојан придонесува, е вреден и супер колега, не станува збор тука за него лично, туку за самата процедура. Доволно долго сум тука, многу сум направил за Википедија, особено заедно со Бојан и знам како одат работите. Поз --<big><font face="Monotype Corsiva">[[Корисник:MacedonianBoy|Никола]] <sup>[[Разговор со корисник:MacedonianBoy|Стоіаноски]]</sup></font></big> 12:48, 10 февруари 2020 (CET)
:::Очигледно е дека сме на иста линија и како искусни корисници се разбираме за главната поента, но се разидуваме за тоа дали треба толку време да се посветува на причината зошто менувачот не отворил дискусија. Мене лично ме радува тоа што за првпат се отвори дискусија за ваква работа, а особено што тоа го направи некој корисник кој ја има забележано промената. Но, мислам дека се оди премногу со постојаното нагласување дека се работи за нешто големо. Сигурно се сеќаваш дека во септември 2008 година, јас, ти и Зоки целосно ја преработивме главната страница без никаква отворена дискусија со заедницата (еве ја [https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0&diff=383210&oldid=377410 промената] и еве ја [[Википедија:Селска чешма/Архива 6|архивата на селската чешма]]). Нема да ги наведувам бројните други работи кои се сменети без да се праша заедницата затоа што очигледно најголема е промена на изгледот на главната страница. Затоа, кога нешто се случува првпат, доволно е само да се укаже дека за оваа работа отсега е добро да има отворена дискусија, а не да се оди толку критички зошто самиот менувач не отворил дискусија. Веќе ако претходно имало дискусија и се случува повторно, тогаш има оправдување да се критикува за заобиколување на заедницата. Ова е мое мислење.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 10:09, 12 февруари 2020 (CET)