Георг Кантор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
 
Критиките за неговата работа подоцна преминале во пофалби. Во 1904 од страна на Кралското друштво му е доделен медалот Силвестер кој претставува највисоко признание кое можело да се додели за работа во полето на математиката. Се претпоставува дека Кантор верувал дека неговата теорија за трансконечните броеви го поврзувала со [[Бог]]. [[Дејвид Хилберт]] го бранел од критиките со изјавата „Никој не може да не избрка од рајот кој Кантор го создаде“.
 
== Биографија ==
=== Младост и студии===
[[image:Georg Cantor3.jpg|лево|мини|Георг Кантор 1870.]]
Кантор е роден во западната трговска населба на [[Петроград]] и таму живеел до својата единаесета година. Бил најстар од шесте деца на неговите родители и го сметале за извонреден виолинист. Неговиот дедо Франц Бем (1788-1846) бил познат музичар и солист во царскиот орекстар на Русија. Татко му бил член на Петроградската берза, меѓутоа поради негова болест семејството се преселува во 1856 година во Германија. Најпрвин во [[Висбаден]], а потоа во [[Франкфурт]].
Во 1860 година завршил школо во [[Дармштат]], каде што биле забележани неговите извонредни математички вештини, а посебно во тригонометријата. Во 1862, Кантор се запишал на Универзитетот во Цирих, а после смртта на татко му во 1863 и стекнување со значајно наследство студиите ги продолжува на Универзитетот во Берлин каде слуша предавања на [[Леополд Кронекер]], [[Карл Вајерштрас]] и [[Ернст Кумер]]. Летото 1866 го поминува во центарот за математичко истражување на Универзитетот во Гетинген.