Маријанс Пахарс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
===Саутхемптон===
Пахарс најпрво имал проба во Саутхемптон, играјќи во натпревар на резервниот тим против [[ФК Оксфорд Јунајтед|Оксфорд Јунајтед]] на 10 февруари 1999 година, во кој постигнал идеален [[хет-трик]] - постигнувајќи гол со глава, со левата и со десната нога во победата со 7-1. Веднаш потоа ''светците'' го договориле надоместокот за трансферот на Пахарс со [[ФК Сконто|Сконто]] кој требало да изнесува околу 800,000 фунти, но и покрај тоа трансферот не бил сеуште реализиран поради тешкотиите во добивањето на работната дозволата и приговорите на ПФА. Сепак, овие проблеми биле надминати и тој конечно им се придружил на својте нови соиграчи во март 1999 година, со што станал првиот латвиец кој играл во [[Премиер лига на Англија|Премиер лигата]].
 
Своето деби за Саутхемптон Пахарс го направил на 5 април 1999 година, влегувајќи во 70-тата минута како замена од клупата за резерви во поразот со 1-0 на гостувањето кај [[ФК Ковентри Сити|Ковентри Сити]]. Дванаесет дена подоцна, на своето домашно деби на стадионот [[Дел (стадион)|Дел]] на 17 април, Пахарс повторно влегол од клупата и го постигнал изедначувачкиот погодок во ремито 3-3 против [[ФК Блекбурн Роверс|Блекбурн Роверс]]. Во истиот натпревар тој имал можност да му донесе и победа на својот тим меѓутоа бил за малку непрецизен. Во тоа време, ''светците'' грчевито се бореле за опстанок во [[Премиер лига на Англија 1998-1999|Премиер лигата]] и влегле во последниот натпревар од сезоната со нерешен статус така што им била потребна победа за да го загарантираат своето место во елитата и следната сезона. Во последниот натпревар од сезоната Саутхемптон го дочекал [[ФК Евертон|Евертон]] на Дел, а Пахарс бил херојот на домаќините постигнувајќи два гола во победата со 2-0 со што го обезбедил статусот на светците во Премиер лигата за следната сезона.
 
== Наводи ==