Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ред 116:
:::Називот на [[:de:Hilfe:Vorlagen|именскиот простор на Википедија на германски јазик]] е ''[[:wiktionary:de:Vorlage|Vorlage]]'' (не е ''[[:wiktionary:de:Schablone|Schablone]]''), што претставува кованица од предлогот ''[[:wiktionary:de:vor|vor]]'' со значење „пред“ и именката ''[[:wiktionary:de:Lage|Lage]]'' со значење „положба“. Оттука, буквалниот превод на македонски е „предлошка“, на хрватски е „predložak“, а на словенечки „predloga“. Примерот со германскиот јазик не го давам случајно затоа што токму „шаблон“ е германски збор којшто е погрешно одомашен во македонскиот јазик (Не може да прифатиме странски збор за значење за коешто се користи друг збор во матичниот јазик). Затоа, ако навлегуваме во тоа дали нешто има погрешна примена, тогаш е јасно дека тоа е зборот „шаблон“. Но, повторно ќе кажам, со примената нема да се исклучи употребата на „шаблон“, туку тој ќе продолжи да се користи напоредно.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 11:06, 10 февруари 2020 (CET)
{{Коментар}} Јас би се осврнал на техничкиот дел од овој процес. Во иднина би ве замилил ваквите менуваља на терминологиите да оди со разговор помеѓу членовите на заедницата, на оваа страница. Не по проватни разговори и помеѓу одреден број корисници. Немам забелешки за зборот предлошка.--<big><font face="Monotype Corsiva">[[Корисник:MacedonianBoy|Никола]] <sup>[[Разговор со корисник:MacedonianBoy|Стоіаноски]]</sup></font></big> 11:43, 10 февруари 2020 (CET)
:Во врска со техничкиот дел, погоре пишав дека е направена грешка и со оваа дискусија веќе тоа е надминато. Освен тоа, овој процес досега немал отворена дискусија и затоа логично е некој друг кој ја забележал промената да го отвори како прашање на селската чешма. Никола, ти многу добро се сеќаваш дека во минатото именските простори „Датотека“ и „Специјални“ беа преименувани во „Податотека“ и „Службени“ соодветно без да има јавна расправа, а Бојан секојдневно во употреба воведува зборови преку преведувачкото вики (пр. „налгеден“, „истозначник“ итн.). Веќе ако прашањето се однесува на тоа дали во иднина треба да има јавна дискусија, јас би рекол дека е пожелно да ја има само за преименување на именски простори, а за секојдневните преводи на додатоците нема потреба затоа што ќе треба по цели денови само за тоа да разговараме и работата на Бојан ќе биде во застој. Бојан е навистина премногу активен таму, така што на цела заедница би ни било тешко да го следиме што прави. Нормално, тоа е позитивно. :)--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 11:56, 10 февруари 2020 (CET)