Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Селска чешма“

::::{{одговор|Gordi}} Го почитувам Вашето право да дадете свое мислење и со тоа да помогнете во целата дискусија, но мислам дека пристапот Ви е целосно погрешен и Бојан не заслужува ваков однос. Треба да имате предвид дека уредувањето на Википедија се заснова на нечија добра волја и секогаш треба да се [[Википедија:Претпоставете добронамерност|претпоставува добронамерност]] во разговорите со останатите корисници. Лицето кому му се обраќате во конкретниов случај е корисникот со најмногу уредувања на Википедија на македонски јазик од нејзиното постоење до денес и единствениот активен корисник на преведувачкото вики на македонски јазик. Во врска со Вашиот предлог до него да се позанимава со насловите на статии со несоодветни поими затоа што наводно има познавања за јазикот, јас би сакал Вам да Ви го поставам истото прашање зошто не се позанимавате Вие со нив кога веќе се вклучивте во дискусијава со свое гледиште за јазикот. Многу е лесно некој од страна да се појави, остро да критикува и некому да налага нешто да сработи. Ако сметате дека насловите треба да се средуваат, имате целосна слобода да започнете тоа да го правите. Бојан како доброволец може да помогне само доколку самиот има желба.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 02:14, 8 февруари 2020 (CET)
:{{одговор|Bjankuloski06}} Како што гледам, има согласност за враќање. И како што гледам, немало согласност за менување. -[[User:Виолетова|Виолетова]] <small>([[User talk:Виолетова|разговор]])</small> 11:42, 8 февруари 2020 (CET)
 
:{{Коментар}} Имам едно прашање. Ве молам некој од тие што дискутираат да ми каже кој новоизмислен збор кој сефте го имате прочитано на Википедија сте слушнале некој трет да го користи. Ако има барем еден таков збор тоа значи дека Википедија е авторитативна во однос на „одбраната“ на македонскиот јазик.<br>Уште еден коментар. Менувањето на работи овде без договор се вика самоволие. Тоа не е добро. Добро би било да се врати јаФката со „лозунг“ како што беше преходно. <br>Поздрав, [[User:Wikimk|Wikimk]] <small>([[User talk:Wikimk|разговор]])</small> 16:05, 8 февруари 2020 (CET)