Дијалекти на македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник Уредување од прилогот за Андроид
сНема опис на уредувањето
Ред 97:
 
=== Исток ===
На [[исток]], македонскиот јазик граничи со [[бугарскиот јазик]]. Според македонските лингвисти, оваа граница ја претставува планинскиот венец [[Доспат (планина)|Доспат]] - [[Рила]]. Од Рила границата свртува на северозапад, малку посеверно од [[Благоевград]] (Горна Џумаја) и излегува на државната граница меѓу [[Република Македонија]] и [[Бугарија]]. Официјалната позиција на Бугарија е дека во рамките на нејзината територија не се зборува македонски јазик, а на бугарските лингвисти дека во суштина, македонскиот е самиот по себе, дијалект на бугарскиот јазик. Според повеќе меѓународни извори, македонскиот јазик се зборува во Бугарија, но не се даваат конкретни податоци за бројот на зборувачите, ниту пак за нивната припадност кон определен дијалект на македонскиот јазик.
 
Македонското население во [[Пиринска Македонија]], која е во составот на Бугарија, покрај службениот бугарски јазик го употребува и својот мајчин (роден) македонски [[дијалект]]. Во источните делови на Пиринска Македонија и во делови од Егејска Македонија до [[Солун]], јатовиот глас ѣ се изговара како во Источна Бугарија - ''дјадо'' (дядо), ''нјама'' (няма), ''млјако'' (мляко) наместо ''дедо'', ''нема'', ''млеко'' и т.н.