Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ред 82:
::::Јазикот е жива материја којашто постојано се менува и тоа треба на сите да ни биде совршено јасно. Но, за разлика од некои говорници кои јазикот го загрозуваат со нивниот личен речник којшто вклучува зборови како „френд“, „темплејт“, „ивент“ и „дедлајн“, на Википедија на македонски јазик постои група којашто сочинува значителен дел од активната уредувачка заедница и се залага за употреба на изворни македонски зборови, како и воведување на соодветни македонски изрази за новосоздадените поими поврзани со технолошките откритија. За жал, живееме во општество во коешто првата група се прогресивни интелектуалци, а втората група се шарлатани кои не си го познаваат јазикот.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 16:16, 7 февруари 2020 (CET)
:Еве сега има нов глагол во англискиот meghan markled,https://www.theguardian.com/lifeandstyle/2020/jan/24/to-meghan-markle-verb-how-to-use-it, на овој начин и во нашиот јазик може да се воведуваат нови зборови, и оние глупости дека највница е хрватски збор се апсурдни, бидејќи на сите јужни словенски јазици изведенката од најава ќе биде најавница, најавник.--[[User:Инокентиј|Инокентиј]] <small>([[User talk:Инокентиј|разговор]])</small> 16:26, 7 февруари 2020 (CET)
::Нови зборови отсекогаш се воведувале и ќе се воведуваат. Работата е да се изврши правилен избор за тоа кои да влезат во широка употреба на начин кој ќе овозможи да бидат полесно разбурливи за говорниците кои не се запознаени со некоја област. Оттука произлегува и потребата да се насочиме кон оние со изворно македонско потекло коишто логично се поврзани со значењето на други зборови. Богатството на еден јазик не е во тоа колку зборови има, вклучувајќи ги сите странски зборови коишто имаат навлезено во јазикот, туку колку е распространета употребата на македонските зборови. Ова е особено важно за да се спречи појава на нарушена меѓугенерациска разбирливост во рамките на еден јазик, односно состојба при која постарите генерации не се во можност да се разберат со помладите поради значителните разлики во нивните лични речници.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 16:46, 7 февруари 2020 (CET)
:патем објаснете ми како ова не ви предизвикува револт статијава со овој поразителен наслов [[НБА Руки на годината]], наместо да биде НБА почетници на годината, стои оваа грдосија пренесена од англискиот.--[[User:Инокентиј|Инокентиј]] <small>([[User talk:Инокентиј|разговор]])</small> 16:35, 7 февруари 2020 (CET)