Покајнички книги: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
ситна поправка
Ред 1:
'''Покајнички книги''' или '''Пенитенцијалии''' ([[латински]]: ''Libri poenitentiales'') - жанр на [[Црковна книжевност|црковната книжевност]] кој се однесува на [[покајание]]то од гревовите. Овие книги ги користеле [[Католичка црква|католичките]] [[Свештенство|свештеници]] како прирачници во исповедувањето на грешниците.
 
==Карактеристики==
Покајничките книги се појавиле во [[5 век|5]] и во [[6 век]], во [[Келти|келтскиот]] [[Христијани|христијански]] свет, а потоа од [[Велс|велшките]] и келтските [[манастир]]и се прошириле во државата на [[Франкија|Франките]] (кон крајот на 6 век), во [[Англија]] (во [[7 век]]), а потоа и во сите [[Католици|католички]] држави во кои станале многу популарни. Овие книги содржеле попис на гревовите со потребните покајанија за нив. Некои од нив личат на тарифи во кои за секој грев е опишана соодветната црковна казна ([[пост]], [[молитва]], прогонство од црковната општина итн.), а други се напишани во вид на прашалници во кои [[Свештенство|свештеникот]] го испитува верникот и, откако ќе го оцени карактерот и тежината на гревовите, фрла на него соодветна [[епитимија]]. Сепак, црковните собори ги осудиле овие дела „чии грешки се очигледни, а авторите непознати“ и ги повикувале епископите да ги исфрлат од употреба овие неканонски книги (''codicilli qui contra canonicam auctoritatem scripti sunt'') и да ги изгорат, „за духовните незнајковци повеќе да не го лажат светот“. Според тоа, појавата на овој жанр на среднолатинската книжевност не била резултата на барањето на црквата, туку одраз на животната пракса. Токму поради тоа, наспроти официјалните црковни ставови, обидите за уништување на покајничките книги не успеал, зашто тие муим биле потребни на свештениците за да ги воспитуваат верниците.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 51-52.</ref>
 
Денес се сочувани десетици покајнички книги кои потекнуваат од 7-[[8 век]], па сè до класичниот [[среден век]]. Најстарите покајнички книги се анонимни или пак отпосле им се припишуваат на истакнатите црковни авторитети, како што се: [[архиепископ]]ите [[Теодор Тарски]] и Егберт, [[Беда Венерабилис]] итн. Подоцнежните покајнички дела биле напишани од познатите црковни дејци, како што е книгата ''Corrector'' на Ворнскиот епископ Бурхард од [[11 век]], која ја претставува 19. книга од неговиот зборник на црковно-канонски правила со наслов „[[Декрети (Бурхард)|Декрети]]“. Вообичаено, сите овие дела се напишани на вулгарен [[латински јазик]], со прост, па дури и со примитивен стил, со цел нивната содржина да им биде достапна на сите верници. На пример, во преводот на еден англосаксонски трактат ''Poenitentiale Egberti'' се наведува дека преводот на [[англиски јазик]] бил направен „за да можат необразованите луѓе полесно да го сфатат“.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 52.</ref>
Ред 8:
Содржината на покајничките книги е многу унифицирана, т.е. во нив најпрвин е дадено општо размислување за гревот, а потоа се наброени основните гревови, вообичаено според шемата што ја поставил [[Јован Касијан]] во [[5 век]], а која ја ревидирал [[Папа Григориј I|Григориј Велики]] во 6 век. Според Касијановата шема, гревовите биле наведени по следниов редослед: лакомост, прељуба, алчност, гнев, малодушност, слабост, суета, гордост. Според Григориј Велики, најтешкито грев е ''superbia'', е веднаш по него доаѓа ''luxuria'' (неумереност, страст; на тој начин, бунтот на духот против [[бог]]а и телесниот бунт против [[дух]]от биле најголемите смртни гревови, додека другите се сметале за помалку тешки. По оваа општа класификација, покајничките книги преминуваат на детаљна анализа на поединечните видови гревови при што не се почитува седум-осумчлената шема, а со текот на времето списокот на гревови станувал поразвиен, достигнувајќи го врвот во делата на Бурхард Вормски.<ref> Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 59-60.</ref>Во таа смисла, овие книги служеле како еден вид прирачници со кои се служеле свештениците. На пример, една таква книга содржи инструкции за свештеникот, кој треба да му поставува прашања на човекот кој се исповеда, со цел да се спречи можноста за премолчување на некои гревови. Други покајнички книги, пак, содржат предупредување дека само свештеникот може да ја користи [[книга]]та, а исповедникот не треба да ја знае нејзината содржина поради опасноста дека набројувањето на гревовите би можело да го доведе во искушение. Но, дури и овие книги препорачуваат дека свештеникот треба да го испита покајникот, но во скратена форма.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 52-53.</ref>
 
Пенитенцијалите поаѓале од претпоставката дека врз душата[[душа]]та на грешникот може да се влијае преку телесните страдања, а оттука произлегува и нивната фразеологија во која преовладува сфаќањето на [[епитимија]]та како лек за [[душа]]та. На тој начин, во овие дела постојано се среќаваат [[Медицина|медицински]] аналогии, а книгата ''Corrector'' на Бурхард Вормски дури има и друг наслов - ''Medicus''. Бидејќи гревот се сметал за еден вид [[болест]] на душата, основниот принцип на [[античка медицина|античката медицина]] „спротивноста се лечи со спротивност“ (''contraria contrariis sanantur'') доследно се применувал врз грешниците: гордоста се лечела со понизност, алчноста со милосрдие, мрзата со работа, зборливоста со молчење, лакомоста и пијанството со пост. Сепак, во некои покајнички книги се истакнува дека казната за некој грев може да биде различна во зависност од полот, староста, душевната состојба на покајникот, дали е богат или сиромав, дали станува збор за монах, свештеник или световно лице, дали тој е здрав или болен, дали се работи за слободен човек или [[роб]], дали е неписмен или образован итн. Исто така, при изрекувањето на казната, свештеникот треба да ги земе предвид и другите околности, како: колку време покајникот го правел гревот, дали му се спротивставувал на гревот или лесно му се потчинил, итн.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 58-59.</ref>
 
Во покајничките книги се среќаваат и докази за една интересна појава во процесот на [[Покајание|покајување]] - можноста грешникот да изнајми друг човек кој врз себе би ја примил препишаната црковна казна. Така, во едни пенитенцијали напишани околи 830 година стоела одредбата дека лицата кои не се во состојба да постат, можеле да се откупат при што била одредена и цената за таквата замена: богатите требало да платат 20 солиди за седумнеделно покајание, за помалку богатите цената била 10 солиди, а за сиромашните три солиди. Слично на тоа, во Англија постоел обичајот според кој човекот осуден на покајание во траење од седум години можел да се „исчисти“ од гревовите за три дена, ако наместо него постеле најпрвин 12 луѓе по три дена, а потоа седумпати по 120 луѓе, исто така, за три дена, под услов да постеле само со вода, леб и зеленчук; на тој начин, постот продолжувал онолку дена колку има во седум години.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 57.</ref>